Панчо од ДНК со поддршка за хигиеничарите од Комунална, Дарко Димитров скија со сопругата: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?

Лидија Кочовска шири позитивна енергија каде и да се појави, Аделина ја промени фризурата, а пак манакенката Емилија Розман позира во провокативно издание.

pancho-od-dnk-se-slikashe-so-higienicharite-od-komunalna-darko-dimitrov-so-soprugata-shto-pravat-makedonskite-dzvezdi-na-instagram-denovive-01.jpg

Игор Џамбазов не може да се насити од погледот на прекрасното Дојранско Езеро, Миа Костова се релаксираше на викенд покрај Охридското Езеро, а пак Дарко Димитров со сопругата и децата појде на скијање.

Панчо од ДНК се фотографираше со тројца хигиеничари од ЈП Комунална хигиена и во описот на фотографијата напиша:

„Мајка ми од секогаш ме воспитуваше да ги респектирам хигиеничарите со иста почит како што ги респектираат директорите или луѓето кои се на повисоки функции и позиции, и можеби затоа од секогаш сум бил на страната на вработените и сакам да верувам дека сите сме ИСТИ.

Вчера вечер враќајќи се накај дома, ги приметив Мамет, Адем и Ризван како се возат на камионот на комунална хигиена. Луѓе кои работат на минусни и пеколни температури само за да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство. Застанаа кај контејнерите да ги испразнат и да си ја завршат работата па ми дојде некако спонтано да застанам и јас.

Имав некои колачи (2 кутии) па ги земав со мене излегов, ги поздравив и ги замолив да ги прифатат како благодарност за тоа што ни го чуваат Скопје да е колку толку почисто.
Се погледнаа меѓу себе видно изненадени па Ризван рече дека е во ред ги зема и ми се заблагодари па потоа и сите останати.

На крај едниот од нив, Мамет ме препозна (најмалце битно во случајов) па им дадов и по едно цд од ДНК. Поентата ми е дека сите сме ЛУЃЕ, сите сме ИСТИ само со различни судбини, а на крајот на денот сакам да верувам дека секогаш ЉУБОВТА, ПОЧИТТА и ШИРОКО ПОДАДЕНАТА РАКА победува.“

Што правеа македонските ѕвезди деновиве?

Панчо од ДНК

Дарко Димитров

View this post on Instagram

A post shared by Darko Dimitrov (@darkodimitrov)

View this post on Instagram

A post shared by Darko Dimitrov (@darkodimitrov)

Лидија Кочовска

Игор Џамбазов

Тијана Дапчевиќ

Миа Костова

Аделина Тахири

Уште 6 ѕвезди на следната страна...



Би можело да ве интересира:

ДНК собраа 690.000 денари од лицитацијата на Златната Бубамара за лекување на Леонид „Митрески Кирче од Охрид за 250.000 денари ја доби статуетката од Златна Бубамар...
ДНК за Леонид: Втора година по ред ја ставаат статуетката од Златна Бубамара на лицитација Исто како и минатата година, така и годинава музичкото дуо ДНК ја стави на лицит...
„Ми се смееја дека ќе пуштам музика во студентски дом“ - Панчо изреволтиран од злобните коментари „Сите беа дојдени да се забавуваат и ширеа љубов и позитивна енергија. Мест...
Емра Куртишова со ќерката во Дојран, Билјана Дебарлиева расчистува во викендичката: Што прават макед... Јана Бурческа објави ретро фотографии од 2017-та кога во Софија го снимаше спото...
Тони Михајловски го прослави 56-иот роденден со Милан Калиниќ во Охрид, Андреј од ДНК на одмор: Што ... На Свети Наум во Охрид, Тони Михајловски доби незаборавно роденденско изненадува...
Леонид ја доби Златната Бубамара на ДНК: „Благодарение на хуманите луѓе, здравјето му оди на подобро... Младиот Леонид кој е на лекување во Австралија ја доби Златната Бубамара на ДНК,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg