Доктор од Скопје подготви тимови што ќе одат кај пациентите дома: „Онаму каде нема простор, ќе одработуваме и од душа“

Едниот од стативите за инфузија кои ќе го носи мобилниот тим на терен е направен со спој на медицина и музика, односно најверојатно со дел од статив за микрофон. Браво за креативноста!

doktor-od-skopje-podgotvi-timovi-shto-kje-odat-kaj-pacientite-doma-onamu-kade-nema-prostor-kje-odrabotuvame-i-od-dusha-01.jpg

Доктор Ненад Лазаров кој направи мала револуција на почетокот од пандемијата заедно со своите соработници кога организираше одлична акција за изработка на визири со 3Д принтери, сега повторно има идеја за пофалба.

Тој организираше 2 мобилни тимови кои ќе можат да ги посетат дома пациентите кои се справуваат со корона вирусот, но и сите други кои имаат потреба од медицинска помош.

Дека кога нешто се сака - се може, доказ е и едниот од стативите за инфузија кој е направен со помош од негов креативен пријател кој вели дека споил медицина и музика и креирал пренослив статив.

Објавата на доктор Ненад Лазаров гласи:

„Спремив 2 мобилни тимови, лекар и медицинска сестра, кои со полна опрема и енергија, ќе бидат достапни за преглед на пациенти во домашни посета, секој ден од 8 до 20 часот.

Само за подрачјето на Скопје.

Ќе може секој да си дозволи, за разлика од до сега, онаму каде нема простор, ќе одработуваме и од душа, ние сме народни лекари не „авангарда“.

Освен прегледи и третман дома на COVID19, ќе работиме и со сите останати пациенти.

Ќе овозможиме и секакви други услуги, комплетна лабораторија, EKG, преврски, промена на уринарни катетери.

Сѐ она што дозволува закон и добра медицинска пракса.

Почнуваме од 08.02, за детали ќе ве известам набрзо.

Горд на цела екипа“

И објавата на неговиот пријател Гога Поп Георгиевски околу изработката на стативот:

„Она кога ќе ти се јави другар ти Ненад Лазаров и ќе ти каже: Брат, ќе идам у домашна посета, народов е жив непрегледан ради Коронава, ми треба пренослив статив за инфузии!

Јас, спајам медицина и музика, и дизајнирам - пренослив статив.

Спешл тенкс на дедото Јонуз Хасан.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава