Исповед на Македонка: „Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека“

Ивона Јо позираше во тесен фустан и напиша: „Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.“

ispoved-na-makedonka-bukvalno-cel-zhivot-sum-uchena-deka-debelite-devojki-nosat-samo-shiroka-obleka-01.jpg

Ивона Јо, пејачка и инфлуенсерка од Куманово, на својот Инстаграм профил, каде има 25.000 следбеници, постојано поттикнува дебата на одредени теми.

Овојпат таа отворено проговори за проблемот на полничките девојки и недоволната самодоверба и слобода да ги носат парчињата облека што им се допаѓаат.

Таа одлучи да стави крај на тоа и позираше во провокативен, тесен фустан.

ispoved-na-makedonka-bukvalno-cel-zhivot-sum-uchena-deka-debelite-devojki-nosat-samo-shiroka-obleka-03.jpg

Во описот на фотографиите напиша:

„Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично.

Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.
И најтешко од сѐ знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.

ispoved-na-makedonka-bukvalno-cel-zhivot-sum-uchena-deka-debelite-devojki-nosat-samo-shiroka-obleka-04.jpg

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така.

Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе.
Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање.“

https://www.instagram.com/p/CLCnyFtJnzW/

Прочитајте и Плус сајз Македонки кои испраќаат моќна порака со своите Инстаграм профили

На следната страна повеќе фотки од Ивона...



Би можело да ве интересира:

Македонка и Босанец се запознале во Германија, се свршија на Кипар, а направија бајковита свадба на ... „Двајцата сме личности кои не сакаат големи свадби и отсекогаш ни било сон да се...
Дечко од Тетово ја запроси саканата на крузер додека крстареа низ Италија, Шпанија и Франција (фото) „Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Ита...
Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото) „Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покр...
Австралиец оженет со Македонка: „Ако не сте биле на македонска свадба, пронајдете пријател од Македо... „Ако не сте биле на македонска свадба, пронајдете пријател од Македонија и омаже...
Македонка направи уникатна маска за синовите – астронаути: „Ја правевме две недели“ „Чизмите им ги обмотав со алуминиумска фолија, шлемот на помалиот е кацига за ве...
Македонка што живее во Нов Зеланд: „Го изгубив телефонот во Скопје и ќе кажам дека најчесните луѓе ж... „Браво мои Македонци, горда сум, иако живеам надвор сепак сум дел од вас убави л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg