Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Наша докторка со емотивна исповед два дена по операција: „Рак на 28 години? Да, тоа сум јас!“

„Ок, ке почнам од почеток.

Како открив? Ден после сликава.

После прекинот на доењето со моето второ дете ми се појави 'грутка' во левата града - но навикната на грутки во градите (сите мајки што доеле знаат) мислев дека не е ништо. Како и да е отидов на преглед затоа што грутката се зголемуваше и почна да ме боли. Направив ехо кај доктор што нема да го споменувам и бев уверена дека - сѐ е во ред.. 'Ова е само густо масно ткиво'.

Е тука е мојата најголема грешка што сликите од ехото не ги покажав на мајка ми. Мајка ми е инаку радиолог за гради во Англија и е ментор на специјализанти од Кембриџ. Не и кажав за сето ова, дури по 2 месеци кога навистина почна да се зголемува и сериозно се загрижив. Итно направивме магнет со контраст на дојка и тогаш ги слушнав најлошите зборови во 2020 година од мајка ми (ако мислите сте имале лоша година, размислете уште еднаш) – ‘Марија ова изгледа малигно’.

Потоа веднаш направивме биопсија за да се одреди каков вид на карцином е - мојот беше Естроген позитивен, Хер негативен.

И тоа претставуваше почеток на најлошата недела во мојот живот- неверување, плачење, страв, обвинување.

Но поуката од ова е:

Редовно правете си само преглед.

Ако забележите нешто (топче, грутче, болка, исцедок) веднаш одете на лекар.

Како што знаете кај нас, а и секаде во светот после 40та година се прави скрининг секоја година со мамографија. Тоа е најлесниот и најевтиниот начин за преглед. Прегледот трае 5 минути и тоа е тоа.

Но, за сите нас пред таа возрасна група - златно правило - самопреглед и свесност за своето тело.“

Секоја чест на храброста што доктор Марија одлучи да зборува јавно и ѝ посакуваме брзо закрепнување и да ја остави оваа немила епизода од животот зад себе.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Maкедонка со апел против петардите: „Моето куче се тресеше и беше парализирано од страв“ „Дечково едвај го преживеа ентузијазмот на некои што би сакале да живеат во воен...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскре... Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg