Пролетно чистење со Пакомак: Како да се ослободите од непотребните работи?

Годината навидум само што започна, а додека да трепнете веќе се наоѓате пред крајот на месец март. А тоа значи само едно - време е за традиционалното пролетно чистење и ослободување од сиот отпад насобран во вашиот дом за време на ладните месеци.

proletno-chistenje-so-pakomak-kako-da-se-oslobodite-od-nepotrebnite-raboti-01.jpg

Понекогаш пролетното чистење може да изгледа како напорен и сложен процес на одбирање што треба, а што не треба да се исфрли - но со малку подобра организација, тоа може да ви прерасне во една од омилените домашни активности.

Пролетта е период на нови почетоци, но и на подготвување за топлото лето кое е пред нас. Тоа значи и ослободување од непотребниот отпад насобран во текот на зимата. Пакомак подготви неколку совети за вас кои ќе ви помогнат полесно да го организирате процесот на чистење. Прочитајте ги подолу:

Одлучете што е отпад, а што не

За почеток, потсетете се „Трите Р“ на Пакомак: Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај. Ако во изминатите месеци успеавте да редуцирате дел од отпадот, тогаш направете поделба кој дел од останатиот отпад може да се реупотреби, а кој мора да се рециклира. Весниците и старата хартија можете да ги употребите за компост, оштетените парчиња облека искористете ги како крпи за чистење валкани површини, а употребливата облека донирајте ја некаде каде што е повеќе потребна. Со паметно разделување на различните типови отпад, многу побрзо ќе знаете точно што имате во домот, што треба да се исфрли, а што може да се задржи и реупотреби.

Научете каде припаѓаат различните типови отпад

Секој отпад не припаѓа на истото место - ова е правило кое мора да го научите ако сакате да бидете одговорен и совесен член на општеството. Различните видови амбалажни материјали можат да се рециклираат, но само ако завршат на вистинското место. За полесно ориентирање, Пакомак се придржува до трите стандардни бои на контејнери со кои ви помага да го одберете оној кој ви е потребен. Жолтите игло-контејнери се наменети за одложување на пластика, лименки и конзерви, додека сините игло-контејнери служат за одложување хартија. Има и посебен, трет вид на зелени игло-контејнери во кои се одложуваат стаклени шишиња и тегли. Селектирањето и одложувањето на отпадот во соодветниот отпаден сад ќе му помогне на Пакомак полесно да го вклучи во рециклажниот процес, но ќе направи и вие да се чувствувате подобро со себеси како одговорна личност. Во тек е и акција за собирање стакло на Пакомак која оваа недела 28.03.2021 ќе се организира во населбата Драчево. Повеќе инфомации на телефонскиот број 072 26 66 26

proletno-chistenje-so-pakomak-kako-da-se-oslobodite-od-nepotrebnite-raboti-02.jpg

Создадете здрави навики и оставете позитивен пример

Уште отсега почнете да го планирате го следното пролетно чистење и олеснете си ја работата. Оставете празен простор во неколку соби од домот и таму поставете корпи, канти или картонски кутии во кои привремено ќе го одложувате отпадот кој може да се рециклира. На пример, потребна ви една голема пластична корпа за стаклени шишиња, една картонска кутија за одложување хартија и една стандардна канта за да ги фрлате пластичните амбалажи во неа. Ако успеете да го практикувате ова подолг период, ќе создадете здрава навика која ќе ви биде од корист во иднина, а можеби и ќе ги мотивирате другите членови на вашето домаќинство да ви се приклучат.

Грижата за животната средина е грижа на секој еден од нас. Свесно или несвесно, секоја наша постапка - без разлика дали е во домот или надвор од него - има некаков ефект на околината. Затоа, прифатете ја вашата одговорност, селектирајте го отпадот и одложувајте го на вистинското место. Бидејќи се работи за сите нас!

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...

Најчитани неделава