Време е за пролетно чистење: Како да се ослободите од непотребната стаклена амбалажа?

Пролетта е период на промени, нови почетоци и очекувања, но и на подготвување за топлото лето кое е пред нас. Тоа значи и ослободување од непотребниот стаклен отпад насобран во текот на зимата.

vreme-e-za-proletno-chistenje-kako-da-se-oslobodite-od-nepotrebnata-staklena-ambalazha-02.jpg

Иако понекогаш пролетното чистење може да изгледа како напорен и сложен процес на одбирање што треба, а што не треба да се исфрли - но со малку подобра организација, тоа може да ви прерасне во една од омилените домашни активности.

Во прилог се неколку совети за Вас кои ќе ви помогнат полесно да го организирате процесот на чистење.

Што е отпад, а што не - За почеток, потсетете се „Трите Р“: Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај. Ако во изминатите месеци успеавте да редуцирате дел од отпадот, тогаш направете поделба кој дел од останатиот отпад може да се реупотреби, а кој мора да се рециклира. Весниците и старата хартија можете да ги употребите за компост, оштетените парчиња облека искористете ги како крпи за чистење валкани површини, а употребливата облека донирајте ја некаде каде што е повеќе потребна. Не чувајте непотребно стари тегли или шишиња кои никогаш нема да ги употребите! Со паметно разделување на различните типови отпад, многу побрзо ќе знаете точно што имате во домот, што треба да се исфрли, а што може да се задржи и реупотреби.

Различните видови амбалажни материјали можат да се рециклираат, но само ако завршат на вистинското место!

Секој отпад не припаѓа на истото место - ова е правило кое мора да го научите ако сакате да бидете одговорен и совесен член на општеството. Различните видови амбалажни материјали можат да се рециклираат, но само ако завршат на вистинското место. За полесно ориентирање, постојат три стандардни бои на контејнери!. Големите жолти контејнери се наменети за одложување на пластика, лименки и конзерви, додека помалите сини контејнери служат за одложување хартија. Има и посебен, трет вид на зелени игло-контејнери во кои се одложуваат стаклени шишиња и тегли. И кои благодарение на ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка), Пакомак и ЗЕЛС се поставуваат во нашата земја како дел од регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”.

vreme-e-za-proletno-chistenje-kako-da-se-oslobodite-od-nepotrebnata-staklena-ambalazha-03.jpg

Селектирањето и одложувањето на отпадот во соодветниот отпаден сад, ќе направи и вие да се чувствувате подобро со себеси како одговорна личност.

Создадете здрави навики и оставете позитивен пример

Уште отсега почнете да го планирате го следното пролетно чистење и олеснете си ја работата. Оставете празен простор во неколку соби од домот и таму поставете корпи, канти или картонски кутии во кои привремено ќе го одложувате отпадот кој може да се рециклира. На пример, потребна ви е една голема пластична корпа за стаклени шишиња, една картонска кутија за одложување хартија и една стандардна канта за да ги фрлате пластичните амбалажи во неа. Ако успеете да го практикувате ова подолг период, ќе создадете здрава навика која ќе ви биде од корист во иднина, а можеби и ќе ги мотивирате другите членови на вашето домаќинство да ви се приклучат.

Треба да знаеме дека од сите типови амбалажен отпад, стаклото се разградува најбавно – така на пример на едно стаклено шише му се потребни милион години за да се разложи и да стане дел од почвата. Тоа значи дека еднаш оставеното стаклено шише секогаш ќе го најдете на истото место каде што сте го фрлиле, доколку тоа не сте го направиле на соодветното место. Исто така треба да знаеме и дека стаклото фрлено во природата со прекршување на сончевите зраци може да предизвика и пожар. Истото важи и за стаклото фрлено заедно со комуналниот отпад, завршува на депонија и повторно може да предизвика пожар.

vreme-e-za-proletno-chistenje-kako-da-se-oslobodite-od-nepotrebnata-staklena-ambalazha-01.jpg

Грижата за животната средина е грижа на секој еден од нас. Свесно или несвесно, секоја наша постапка - без разлика дали е во домот или надвор од него - има некаков ефект на околината. Затоа, прифатете ја вашата одговорност, селектирајте го отпадот и одложувајте го на вистинското место. Бидејќи се работи за сите нас!

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...

Најчитани неделава