Никотин - помалку познати факти

Кога се споменува никотин, првото нешто што паѓа на ум е пушењето и како тоа влијае врз организмот. Никотинот е супстанца која предизвикува зависност и се разбира дека не е без ризик.

nikotin-pomalku-poznati-fakti-01.jpg

Многу луѓе поставуваат знак за еднаквост помеѓу никотинот и чадот од цигарите, но тоа е многу погрешно. Во продолжение неколку факти кои разјаснуваат многу:

1. Никотинот не е примарен причинител за болести поврзани со пушењето. Ова недвосмислено го потврдуваат голем број научни истражувања. Токсините и канцерогените материи кои се создаваат во чадот од тутун, при согорувањето, а не никотинот, предизвикуваат болести за кои главен причинител се смета пушењето.

2. Чадот од цигари, покрај никотинот, содржи повеќе од шест илјади различни штетни и потенцијално штетни материи. Чадот од цигари содржи и јаглерод моноксид кој го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.

3. Пушачите, од една цигара апсорбираат приближно 0,1 милиграм никотин, а за да дојде до фатално труење со никотин, пушачот треба да консумира 400 цигари или 20 пакувања една по друга.

4. Никотинот е најконцентриран во тутунот, но не е присутен само таму. Го има и во храната што секој од нас ја консумира речиси секој ден. Се наоѓа во ниски проценти во доматите, компирите, пиперките, па дури и во модриот модар патлиџан, но исто така и во гоџи бобинките, кои се сметаат за „супер храна“.

5. Пушењето цигари е докажано најштетниот начин за задоволување на телесната потреба од никотин кај пушачите, токму поради чадот кој се создава при процесот на согорување.

6. Никотинот може да дејствува и како стимуланс и смирувачки, во зависност од околностите и количината која се внесува. Ова може да се објасни зошто некои пушачи велат дека цигарите им даваат енергија и ја стимулира нивната ментална активност, додека други тврдат дека пушењето им ја ублажува анксиозноста и ги релаксира.

На пушачите на цигари им се препорачува да се обидат засекогаш да се ослободат од оваа исклучително лоша навика која има многу негативни последици по здравјето. Се покажало дека понекогаш, токму поради зависноста од никотин станува збор за залудна борба. Откажувањето од цигари и никотин во целост е најдобриот избор за пушачите.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...

Најчитани неделава