Позитива на денот: Совесни граѓани спасиле пајче и го однеле во Скопје ЗОО (фото)

Пајче пронајдено во урбана средина кај нас и спасено од совесни граѓани е вистинска копија на култното пајче од Перфекс рекламите.

pozitiva-na-denot-makedonci-spasile-patche-i-go-donesel-vo-skopje-zoo-foto-01.jpg

За жал, често се случува да чуеме како несовесни граѓани се однесуваат лошо кон животните без разлика дали тоа е во Скопје ЗОО или надвор од неа.

Но, од друга страна пак има и такви луѓе во Македонија кои срцето ни го полнат со топлина поради совесното однесување.

Од Скопје ЗОО вчера објавија фотографија од преслатко пајче и напишаа:

„Пред спиење малку убави работи... Денеска совесни посетители ни донесоа патче кое го спасиле вчера, откако го нашле само на паркинг во урбана средина.
Нека се множат добри луѓе.“

https://www.facebook.com/ZooSkopje/photos/a.1031681913649071/1903667433117177/

Потоа и Тина Мицковска, портпаролот на Скопје ЗОО, објави фотографија со пајчето и го спореди со пајчето кое го има на слика на Перфекс производите.

Тина за CRNOBELO.com открива повеќе детали за настанот: „Пајчето го спаси една прекрасна жена. Дечиња си играле со него и го оставиле во близина на паркинг. Нашата посетителка веднаш се сетила на нас и откако преноќи кај неа, вчера го донесе во Скопје ЗОО. Моментално е сместено со други мали пајчиња и кога ќе потпораснат ќе бидат пуштени да пливаат слободно во езерце.“

Изгледа како негова копија, зарем не?

pozitiva-na-denot-sovesni-gragjani-spasile-pajche-i-go-odnele-vo-skopje-zoo-foto-02.jpg

pozitiva-na-denot-sovesni-gragjani-spasile-pajche-i-go-odnele-vo-skopje-zoo-foto-01.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава