Првиот херој! Гордана ја донираше својата плетенка за перика на детенце болно од рак на Детската клиника во Скопје
- Детали
- понеделник, 10 мај 2021
Браво Гордана Димовска! „Пристигна и првата плетенка која ќе биде дел од периката на некое детенце кое се лекува на Детската Клиника“, објавија од Здружението за поддршка на децата болни од рак, САНО.

Здружението за поддршка на децата болни од рак, САНО, започна акција за дечињата кои се борат со рак „Донирај ја својата коса и стани нечиј херој“.
?__cft__[0]=AZW40vt18eJLeXtAQllLLmxUrdXAgvT-0IUz4ZfbTaZFblmFvSGW6ayrV0DkVDj66xVzYDRN6fIQL5C6EaIFshlIEn0A4wxcfR2_vylUVbLUNk_Yka2jUWMNBsOCvOOraEwbCTg1KvzyaSC5AFWuoa8x&__tn__=%2CO%2CP-R
За нечија коса да биде дел од перика за дечињата треба да биде подолга од 20 сантиметри и да биде природна, нефарбана.
Прва се огласи Гордана Димовска која ја донираше својата коса, плетенка од неверојатни 50 сантиметри. Секоја чест!

„Пристигна и првата плетенка која ќе биде дел од периката на некое детенце кое се лекува на Детската Клиника.
Гордана Димовска ни донираше коса долга неверојатни 50cm!
Браво!, напишаа од САНО.
С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos