Виртуелен навигатор за пациенти со карцином на дојка за 24 часовна помош и советување

(Скопје, 19.05.2021) – За пациентите со карцином на дојка, Рош Македонија создаде апликација, дигитална алатка за 24 часовна помош и поддршка.

virtuelen-navigator-za-pacienti-so-karcinom-na-dojka-za-24-chasovna-pomosh-i-sovetuvanje-01.jpg

Виртуелниот навигатор Ана преку директен и интерактивен разговор обезбедува помош и ги води пациентите со карцином на дојка низ болеста, фазите на лекување, ги информира за стадиумот, за видовите канцер и нивниот третман, одговара на сите прашања и нуди опции за теми за разговор што може да ги интересираат пациентите, а е поврзано со самата болест.

Апликацијата е достапна на интернет страницата на Рош Македонија на линкот, со овозможен пристап преку оперативните системи Windows, Android и IOS, а разговорот и одговарањето на прашањата се одвива во реално време. Покрај за пациентите, поддршката од оваа алатка е корисна и за негувателите, лицата кои се грижат за пациентите со карцином на дојка.

virtuelen-navigator-za-pacienti-so-karcinom-na-dojka-za-24-chasovna-pomosh-i-sovetuvanje-02.jpg

Создавањето на овој виртуелен навигатор произлегува од потребата за повеќе информации за самата болест и од комуникацијата со различни специјалисти во областа. Комплексните теми и специфичните грижи се претвораат во разговор што ќе им помогне на пациентите кои се соочуваат со ова заболување. Во дискретно и интерактивно разговорно опкружување, пациентите добиваат корисни информации за нивното патување во текот на болеста, поддршка после и за време на часовите на изолација, загриженост и несигурност. Поддршката, помошта и едукацијата од виртуелниот аватар Ана е еднакво корисна за пациентите, негувателите и лекарите, која е повеќе од потребна во услови на пандемија.

Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Ана од Скопје и фудбалерот Чума Анене, со потекло од Нигерија, му прославија прв роденден на синот в... Се запознале пред 10 години во Скопје, а сега дом им е Осло... Ана славеше со де...

Најчитани неделава