Легенди за имињата на македонските села: Дворецот на цар Самоил, убавата Марија и мудрата Роса

Веќе ви ги раскажавме интересните легенди за настанокот на имињата на некои македонски градови - за Кочо кој го донел оризот во Кочани, за преубавата Дојрана која не сакала да се потурчи и за гевгеличаните кои биле негостопримливи. Сега ќе ви раскажеме некои мошне интересни легенди за имињата на селата низ Македонија, кои говорат за цареви, за маките на народот и за тешкиот живот на село.

legendi-za-iminjata-na-makedonskite-sela-dvorecot-na-car-samoil-ubavata-marija-i-mudrata-rosa-01 (2).jpg

Македонија е мала земја, па тоа што ѝ недостасува на географската површина го надополнува со богата ризница на легенди и приказни, долга историја, културни богатства и природна убавина која маѓепсува со својата совршеност.

Од колено на колено се пренесуваат легенди и митови за големи јунаци и ајдуци, херои и млади убави моми, за реки и езера и високи планини, приказни раскажувани од нашите предци, баби и дедовци за мали села и градови, за нивните чуда и убавини, и за постанокот на нивните имиња.

Тие стари приказни се тешки за верување но се дел од нашата култура и не смееме да ги заборавиме.

Трпејца: Народот трпел за леб

Трпејца е едно од најмалите и најубавите села во Македонија сместено на охридското крајбрежје. Велат тука зајдисонцето е најубаво, оти се пресликува во „езерското огледало“.

Селото вгнездено меѓу планината Галичица и Охридското Езеро брои околу стотина куќи и околу триста жители и, иако денес е позната туристичка дестинација, некогаш неговите селани живееле тешко и сиромашно, само од ловот на риби во езерото.

Според старата легенда која мештаните ја раскажуваат, некогаш езерото не им давало доволно риба, па рибарите се враќале се празни кошници дома и со недели трпеле за леб, а оттаму и се раѓа името Трпејца.

Според друга легенда, пак, името на селото Трпејца води потекло од зборот трпеза. Многу одамна, одејќи накај манастирот Свети Наум Чудотворец, аџиите поминувале во селото на починка. Селаните, во нивна чест, поставувале богата трпеза со храна, па оттаму се раѓа името „Трпезица“, за подоцна да го добие сегашното име Трпејца.

legendi-za-iminjata-na-makedonskite-sela-dvorecot-na-car-samoil-ubavata-marija-i-mudrata-rosa-02.jpgфото: Википедија

Царев Двор: Местото на цар Самоил

Во Преспанската Котлина, помеѓу Галичица, Баба, Сува Гора и Пелистер, во непосредна близина на езерото е сместено селото Царев Двор, познато по плантажите со сочни и вкусни јаболка. Некогаш преспанскиот регион бил центар на Самоиловото Царство, па оттаму се раѓаат многу легенди поврзани со македонскиот цар и неговата моќ.

Селаните раскажуваат дека постанокот на името на нивото село се поврзува со легендите за постоењето на дворец на царот Самоил на ова место. Мештаните велат дека Царев Двор е царско место на Самуил.

Друга легенда, пак, вели дека некогаш на местото каде денес се простира ова село поминал некој цар со својот везир и тука се го распослал својот шатор бидејќи полето било рамно и со пријатна клима. Па, оттаму месноста ја завикале „царева нива“ или „витезова нива“, за подоцна новонаселеното село да го крстат Царев Двор.

legendi-za-iminjata-na-makedonskite-sela-dvorecot-na-car-samoil-ubavata-marija-i-mudrata-rosa-03.jpgфото: Википедија

Мариово: Во чест на убавата Марија

Мариовскиот крај, долж течението на Црна Река, плени со својата природна убавина, со шумите и полињата, но и традицијата, историја и легендите.

Старата легенда за Мариово вели дека овој крај името го добил во чест на убавата Марија. За време на османслиската окупација, турски бег се заљубил во убавата Марија - девојка родум од овој крај која сакал да ја однесе во својот харем и да ја потурчи.

Марија прифатила да оди во неговиот харем, но под еден услов. Таа се согласила да биде сопруга на бегот ако тој вети дека ќе прекине со потурчување на македонскиот народ во тој крај, уништувањето на црквите и градењето џамии. Бегот, заљубен во неа, се согласил и тој крај во јужниот дел на Македонија останал недопрен. Во чест на Марија која ги спасила селаните од турскиот аскер, целиот тој крај го крстиле Мариово.

мариово.jpgфото: Википедија

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сашко Коцев ќе бил Матеј, Каролина е крстена по прабаба ѝ - Како требало да се викаат познатите Маке... Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека ...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...

Најчитани неделава