Салиху: Културата на отворено е тренд на зелените покриви во центарот на Скопје

„Богатата културна програма на зелените покриви во центарот на градот продолжува, а скопјани имаат можност безбедно да уживаат во квалитетни културни содржини во овие нови урбани оази“ - вели портпаролот на град Скопје, Ваљон Салиху.

salihu-kulturata-na-otvoreno-e-trend-na-zelenite-pokrivi-vo-centarot-na-skopje-01.jpeg

Во колумната „Скопје, од култура до “скулптура” и назад“, објавена во „Слободен Печат“, портпаролот на град Скопје Ваљон Салиху се осврнува на позитивните коментари во весниците за музичката магија на „Филхармонија, „Архангел“ и Емин Џијан, најавувајќи нов концерт на отворено во септември:

„Уште поубаво е чувството кога на градот му се оддава признание дека „концертите кои Град Скопје секое лето ги организира со Филхармонија во Градскиот парк, насловени „Филхармонија на отворено“, се вистинско доживување за публиката“... Годинава, „Филхармонија на отворено“ имаше концерт во дворот на Министерството за култура (промоција на нова летна сцена во срцето на Дебар Маало), а покрај легендарниот концерт со Архангел, во соработка со Град Скопје се планира уште еден концерт на отворено во Градскиот парк во септември.“

Салиху потсетува дека одлично посетувани културни настани на отворени сцени имаше и пред пандемијата, истакнувајќи дека културата на отворено станува тренд на зелените покриви во Скопје:

„Културата на отворено годинава е тренд на зелените покриви во центарот на Скопје, кои станаа дестинација за голем број различни културни настани – музички програми, кино на отворени, диџеј-сетови, „Театарски викенди на отворено“ итн. Богатата културна програма на зелените покриви во центарот на градот продолжува, а скопјани имаат можност безбедно да уживаат во квалитетни културни содржини во овие нови урбани оази.“

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јован Јованов ужива со ќерката на концерт на Coldplay во Торонто: „Ова е нејзин прв концерт“ Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...

Најчитани неделава