Шилегов: „Клучката кај Визбегово значи пробивање на булеварите Словенија и Хасан Приштина“

Скопје, 31.08.2021 година - Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај булеварот Словенија, која заедно со клучката кај Момин поток се наоѓа на едната од двете главни рути кои ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот.

shilegov-kluchkata-kaj-vizbegovo-znachi-probivanje-na-bulevarite-slovenija-i-hasan-prishtina-01.JPG

На презентацијата на овој капитален проект денеска присуствуваа и вицепремиерите, Фатмир Битиќи и Артан Груби, како и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. 

- Денеска започнува постапката за избор на најповолен понудувач за изградба на клучката кај булеварот Словенија, што е всушност продолжение на клучката кај Момин поток. Овде го решаваме тесното грло на поранешната Јадранска магистрала, сега булевар Хасан Приштина.

Ова не значи само работа на клучката, ова значи дека почнуваме со градба на два нови булевара – едниот е булеварот Хасан Приштина низ индустриската зона Визбегово до обиколницата, а вториот е продолжението на булеварот Словенија кој што ќе оди до Волково и ќе се вклучува на обиколницата на западниот влез во градот.

Вкупната инвестиција изнесува околу 550 милиони денари, а започнуваме со средства од ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија, обезбедени од страна на Владата, во износ од 2 милиона евра.

Сакам да изразам благодарност до вицепремиерите овде присутни за помошта која што ја даваат на Градот. Ова е инфраструктура која го решава најголемиот проблем во сообраќајот кој што во моментот постои во нашиот град, но создава и перспектива за понатамошен непречен развој на Скопје – рече градоначалникот Шилегов, на презентацијата.

Тој очекува дека за 2 до 2,5 години овој потег и северниот влез во Скопје ќе добијат сосема поинаков лик.

shilegov-kluchkata-kaj-vizbegovo-znachi-probivanje-na-bulevarite-slovenija-i-hasan-prishtina-02.JPG

Станува збор за огромен проект во вкупна вредност од околу 8,5 милиони евра, од кои за првата фаза 2 милиона евра се обезбедени со поддршка од Владата преку ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, проектот предвидува денивелиран патен јазол чија конструкција предвидува 5 рампи кои директно ги поврзуваат булеварите Словенија и Никола Карев и улицата Новопроектирана 6. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, средишно и странично зеленило, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.

Изградбата на оваа клучка е од особено значење заради пробивањето на двата булевари, булеварот Словенија кон Карпош и булеварот Хасан Приштина кон излезот за Косово.

shilegov-kluchkata-kaj-vizbegovo-znachi-probivanje-na-bulevarite-slovenija-i-hasan-prishtina-4.JPG

За потсетување, во северниот дел од градот Градот Скопје веќе ги заврши булеварите Босна и Херцеговина, Христијан Тодоровски Карпош и Никола Карев, а во тек е изведбата на клучката кај Момин поток.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава