Новинарката Офелија Димковска: „Тоа што 100 пати ќе постираме слики од поплави, пожари, болници со пациенти - нема да им помогне никако“

„На социјални мрежи, ниту се гасне пожар, ниту се хранат луѓе, ниту се градат куќи, ниту се згрижуваат животни. Тоа се прави во живо...“, вели новинарката Офелија Димковска.

novinarkata-ofelija-dimkovska-toa-shto-100-pati-kje-postirame-sliki-od-poplavi-pozhari-bolnici-so-pacienti-nema-da-im-pomogne-nikako-01.jpg

Новинарката Офелија Димковска со објава на својот Фејсбук профил нѐ потсети што правиме погрешно, односно посочи дека наместо „кукање“ и сочувство за туѓите проблеми, потребна е акција и одлучност во живо да им помогнеме на загрозените лица.

Нејзиниот статус:

„На социјални мрежи, ниту се гасне пожар, ниту се хранат луѓе, ниту се градат куќи, ниту се згрижуваат животни. Тоа се прави во живо, доколку секој си ја врши работата за која што учел, за која е платен и заради тоа што поседува добри човечки особини.

За тоа никој нема да го плати и затоа никој посебно не треба да го фали. Тоа му е работа на човекот.

Тоа што стопати ќе препостираме слики од поплави, пожари, уморни пожарникари, изгорени куќи или болници полни со пациенти, нема да им помогне никако. Ќе им помогне ако конкретно нешто направиме или ако конкретно нешто направат, тие што ја имаат моќта и одговорноста за наведениве работи и луѓе.

Лажната хуманост, лажната тага, лажната пожртвуваност е масовна, и за таквите неповолни дејствија, социјалните мрежи се мајдан: полни со беспредметни критики, квалификации и озборувања, ставање на столб на срам сè и секого, без или со основа, сеедно.

Ако секој си ја работи работата, општеството ќе функционира како саат.

Да не бидеме лицемерни, ако може.

Да му оставиме на секого поединечно сам да реши како ќе се однесува. Познато е дека најлесно им се пишуваат списоци со наредби на другите... Со себе оди малку потешко.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Новинарката Александра Спировска за 74-иот роденден на мајка си: „Мамо, се плашам од свет во кој те ... „Мамо, го ценам секое твое: ,Како си', Гладна ли си', ,Како помина на работа', ,...
Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Новинарката Александра Спировска прослави роденден - со сопругот кошаркар и ќерките од бракот со Пер... Александра Спировска славеше со својот трет сопруг, за кој во објави на Инстагра...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...

Најчитани неделава