Шилегов: „Во средното медицинско училиште наставна програма со ново занимање - 'Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија'“

Скопје, 02.09.2021 година - Во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” денеска беше промовирана паралелката „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“.

shilegov-vo-srednoto-medicinsko-uchilishte-nastavna-programa-so-novo-zanimanje-farmacevtski-tehnichar-vo-farmacevtska-industrija-01.JPG

На промоцијата присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука, Мила Царовска, директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу, директорката за производство од фармација и членка на управниот одбор на „Алкалоид“ Милкица Глигорова и раководителот на човечки ресурси во „Алкалоид“ и координатор на проектот, Никола Ефтимов.

shilegov-vo-srednoto-medicinsko-uchilishte-nastavna-programa-so-novo-zanimanje-farmacevtski-tehnichar-vo-farmacevtska-industrija-05.JPG

- Од денеска, за првпат во државата во средното медицинско училиште ќе се реализира наставна програма за ново занимање – фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија. На иницијатива на средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“ и на Алкалоид АД беше изготвена наставна програма која е верификувана и одобрена од МОН, адаптирана на потребите на секторот на фармацевтската индустрија.

Оваа наставна програма е специјално креирана за ученици од 3-та и 4-та година од секторот здравство и здравствена заштита во средното стручно образование. Од оваа учебна година, по големиот интерес на пријавени, 23 ученици беа селектирани за да отпочнат со следење на наставата во новоформираната парцијално-дуална паралелка – рече Шилегов, на промоцијата на паралелката.

shilegov-vo-srednoto-medicinsko-uchilishte-nastavna-programa-so-novo-zanimanje-farmacevtski-tehnichar-vo-farmacevtska-industrija-02.JPG

Наставата ќе се одвива во просториите на училиштето и во компанијата Алкалоид АД од страна на стручни наставници и сертифицирани ментори. Учениците  во практичниот дел од наставата ќе бидат директно вклучени во работниот процес на компанијата со што ќе се стекнат со потребните знаења и вештини што ги прави конкурентни на пазарот на трудот со можност за вработување веднаш по завршувањето на средното образование. Компанијата ќе обезбеди заштитна опрема, систематски прегледи, топол оброк и месечни стипендии од 3.000 денари за секој од овие ученици во текот на нивното школување.

shilegov-vo-srednoto-medicinsko-uchilishte-nastavna-programa-so-novo-zanimanje-farmacevtski-tehnichar-vo-farmacevtska-industrija-06.JPG

- Целта на оваа програма е целисходно остручување на младите кадри за потреби на компаниите и зголемување на вредноста на стручното образование. Како градоначалник сакам да упатам благодарност до Алкалоид АД, како и до сите оние компании од различни струки кои во соработка со средните стручни училишта ја нудат можноста за реализација на практичната настава од областа на тие струки.

Ова прашање нѐ засега сите и како институции, но и како луѓе пред се, заради тоа што носиме одговорност пред нашите деца, пред младите луѓе, да им понудиме квалитетно образование кое ќе ја постигне примарната цел за креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот пред се во државата, но и пошироко – истакна Шилегов.

shilegov-vo-srednoto-medicinsko-uchilishte-nastavna-programa-so-novo-zanimanje-farmacevtski-tehnichar-vo-farmacevtska-industrija-07.JPG

shilegov-vo-srednoto-medicinsko-uchilishte-nastavna-programa-so-novo-zanimanje-farmacevtski-tehnichar-vo-farmacevtska-industrija-8.JPG

Би можело да ве интересира:

Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Психолог од Свети Николе со вирална објава: „Не ме малтретира, не ме понижува, само... Не го оправду... „'Не беше насилен, само понекогаш зборуваше построго', вели жена која се тресе с...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинка на синот – го носи возач со луксузен автомобил „Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат ...

Најчитани неделава