Реновираниот Бит-пазар се враќа на скопјани

Скопје, 03.09.2021 година - Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на  реконструираниот Бит-пазар, еден од најпосетените пазари во Скопје.

renoviraniot-bit-pazar-se-vrakja-na-skopjani-01.JPG

На отворањето на оваа значајна инвестиција на Скопски пазар АД Скопје присуствуваа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев.

renoviraniot-bit-pazar-se-vrakja-na-skopjani-02.JPG

-Дозволете да му честитам на инвеститорот АД Скопски пазар, а воедно и да се заблагодарам за нивната инвестиција на Бит-пазар, како најголем и најфреквентен зелен пазар во Скопје. Оваа инвестиција е од огромно значење за нашиот град, бидејќи претставува огромен чекор напред во уредувањето на овој простор кој овозможува подобри услови и за пазарџиите и за граѓаните кои секојдневно ги користат нивните услуги.

Градот Скопје заедно со Општина Чаир, неколку надлежни институции на централно ниво, Комората на трговци на Република Северна Македонија и Еснафот на Старата скопска чаршија, подолго време се обидуваме да воспоставиме ред на јавните површини, а пред се тротоарите и велосипедските патеки. Овие наши напори опфаќаа ослободување на тротоарите и велосипедските патеки, нивна реконструкција, поставување на нова урбана опрема, жардиниери, заштитни столпчиња, како и обнова на зеленилото на булеварот Крсте Мисирков, кој го реконструиравме од „Мавровка“ до Бит-пазар.

Тоа го правевме за да развиеме партнерски однос со сите засегнати страни, трговците, муштериите, но и учесниците во сообраќајот, пред се, тука мислам на пешачкиот и на велосипедскиот сообраќај. Ваквиот партнерски однос успеавме да го воспоставиме уште тогаш, а оваа инвестиција е само едно големо поместување напред во насока на подобрување на просторните услови во овој дел од градот – рече денеска градоначалникот Шилегов.

renoviraniot-bit-pazar-se-vrakja-na-skopjani-04.JPG

Тој изрази уверување дека просторните услови на новиот објект на Бит-пазар ќе овозможат непречено одвивање на трговската дејност на сите заинтересирани субјекти кои и досега го користеа овој пазар.

-Скопје е град за сите и искрено се радувам на секоја инвестиција која овозможува подобрување на условите во кои секојдневно функционираат нашите граѓани, независно на кој дел од градот му припаѓаат и независно во која општина живеат – нагласи Шилегов.

renoviraniot-bit-pazar-se-vrakja-na-skopjani-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...

Најчитани неделава