Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исполнета роденденската желба на Ѓурѓица - малата принцеза од Клиниката за детски болести доби перика

„Кој вели дека кај нас нема принцези? Еве Ѓурѓица е една од нив.“ И тоа храбра принцеза која ја води најтешката животна битка со голема насмевка на лицето. Браво Ѓурѓица и браво хумани организации и луѓе за изненадувањето!

heroj-na-denot-gjurgjica-mala-princeza-od-klinikata-za-detski-bolesti-si-posaka-perika-za-rodenden-i-dobi-01.jpg

Ѓурѓица е нашиот херој на денот. Таа периодов ја води најтешката битка во животот, но тоа не ја спречува да има насмевка на лицето.

Се разбира, во тоа ѝ помагаат хумани луѓе и организации.

Од САНО, задружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители, споделија една убава вест.

Малата Ѓурѓица добила на подарок перика за нејзиниот роденден.

„Кој вели дека кај нас нема принцези?
Еве Ѓурѓица е една од нив.

Нејзиното височество за роденден посака перика, се разбира САНО, Клиниката за детски болести и Медикус хелп со голема радост и ја исполнија желбата.
Каков убав ден за роденден!

*фотографиите се објавени со дозвола на родител

heroj-na-denot-gjurgjica-mala-princeza-od-klinikata-za-detski-bolesti-si-posaka-perika-za-rodenden-i-dobi-03.jpg

heroj-na-denot-gjurgjica-mala-princeza-od-klinikata-za-detski-bolesti-si-posaka-perika-za-rodenden-i-dobi-04.jpg

heroj-na-denot-gjurgjica-mala-princeza-od-klinikata-za-detski-bolesti-si-posaka-perika-za-rodenden-i-dobi-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Пере од Нокаут: „Денес ми е роденден - не те славам, не ми се пее, деца изгореа во песната“ „Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, н...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...
Христина Пан: „2024 не беше лесна, половина година ни помина по болници, но добивме благослов“ „2024 што да ти кажеме за крај. Дека беше лесна, не беше, половина година пак ни...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg