Откриен идентитетот на мистичниот Аквамен од Скопски маратон 2021 (фото)

Го споредуваат со Џејсон Момоа, беше најзабавниот лик на Скопски маратон - кој е македонскиот Аквамен? За CRNOBELO.com 30-годишниот скопјанец, кој работи како QA инженер, открива од каде идејата за Аквамен... Има трчано и како Супермен и Спајдермен.

otkrien-identitetot-na-mistichniot-akvamen-od-skopski-maraton-2021-foto-01.jpgФото: Мирче Котевски / Фото: Боби Кузманоски 

Скопски маратон 2021 мина во прекрасна атмосфера, а еден од највпечатливите учесници на настанот беше македонскиот Аквамен.

Дечко облечен како славниот суперхерој трчаше на полумаратонот од 21 километар.

Навистина нè заинтригира кој е овој креативен и забавен дечко, па дознавме дека станува збор за 30-годишниот Христијан Проданов од Скопје, по професија QA инженер, а чие омилено хоби е музиката.

https://www.instagram.com/p/Bmsh2vBlxT-/

Тој не е професионален атлетичар, туку за забава трча на маратоните низ Македонија. Идејата да трча со костим му дошла во 2018, заради тоа што му требало мотивација од публиката да го истрча својот прв полумаратон, за кој воопшто не се подготвувал.

otkrien-identitetot-na-mistichniot-akvamen-od-skopski-maraton-2021-foto-02.jpg

Христијан открива дека идејата за Аквамен годинава му дошла по многубројните коментари за сличноста во изгледот со популарниот актер Џејсон Момоа, кој го глуми ликот во истоимениот филм.

За CRNOBELO.com Христијан кусо вели:

„Целта со костимот е исполнета, луѓето се забавуваа во моментите кога ќе ме здогледаа низ улиците на Скопје, тоа и ми беше идејата. Нормално имаше и такви на кои не им се допадна баш оваа идеја, но тие ги прескокнуваме и не им обрнуваме многу внимание.“

Повеќе фотки од македонскиот Аквамен:

Posted by Bobi Kuzmanoski on Sunday, October 3, 2021

Христијан како Аквамен трчаше и на настанот „Трчај бе“ во Битола:

На следната страна повеќе фотки од Христијан, кој има трчано и со костими на Супермен и Спајдермен...



Би можело да ве интересира:

Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Павле Камилоски направи мекици за синот Јосиф - цела вечер играше и пееше со гостите во познат скопс... Пејачот Павле Камилоски направи мекици за раѓањето на синот Јосиф и со многу при...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Бакнежи во образ на Водно: Дали Тамара Тодевска е повторно вљубена? (фото) Тамара Тодевска во последно време изгледа навистина среќно и задоволно, дали Лук...
Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 5-тиот роденден со тематска забава и торта на 3 ката (фот... „Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Ср...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg