Откриен идентитетот на мистичниот Аквамен од Скопски маратон 2021 (фото)

Го споредуваат со Џејсон Момоа, беше најзабавниот лик на Скопски маратон - кој е македонскиот Аквамен? За CRNOBELO.com 30-годишниот скопјанец, кој работи како QA инженер, открива од каде идејата за Аквамен... Има трчано и како Супермен и Спајдермен.

otkrien-identitetot-na-mistichniot-akvamen-od-skopski-maraton-2021-foto-01.jpgФото: Мирче Котевски / Фото: Боби Кузманоски 

Скопски маратон 2021 мина во прекрасна атмосфера, а еден од највпечатливите учесници на настанот беше македонскиот Аквамен.

Дечко облечен како славниот суперхерој трчаше на полумаратонот од 21 километар.

Навистина нè заинтригира кој е овој креативен и забавен дечко, па дознавме дека станува збор за 30-годишниот Христијан Проданов од Скопје, по професија QA инженер, а чие омилено хоби е музиката.

Тој не е професионален атлетичар, туку за забава трча на маратоните низ Македонија. Идејата да трча со костим му дошла во 2018, заради тоа што му требало мотивација од публиката да го истрча својот прв полумаратон, за кој воопшто не се подготвувал.

otkrien-identitetot-na-mistichniot-akvamen-od-skopski-maraton-2021-foto-02.jpg

Христијан открива дека идејата за Аквамен годинава му дошла по многубројните коментари за сличноста во изгледот со популарниот актер Џејсон Момоа, кој го глуми ликот во истоимениот филм.

За CRNOBELO.com Христијан кусо вели:

„Целта со костимот е исполнета, луѓето се забавуваа во моментите кога ќе ме здогледаа низ улиците на Скопје, тоа и ми беше идејата. Нормално имаше и такви на кои не им се допадна баш оваа идеја, но тие ги прескокнуваме и не им обрнуваме многу внимание.“

Повеќе фотки од македонскиот Аквамен:

Христијан како Аквамен трчаше и на настанот „Трчај бе“ во Битола:

На следната страна повеќе фотки од Христијан, кој има трчано и со костими на Супермен и Спајдермен...



Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Бикини со перје, сопругот ја фенира: Љупка Митрова уживаше во луксуз и романтика на Малдиви (фото) Од романтична вечера на плажа со специјална декорација до пливање во танга бикин...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Дечко ја запроси саканата на концертот на Давид Темелков во Скопје - тој им пееше, а тие играа танго... Дечко излезе на сцената да заигра со својата сакана, но всушност ја запроси, а п...

Најчитани неделава