Каролина пее негова песна, Весна Петрушевска со емотивна објава - Естрадата се сеќава на Тоше, 14 години по смртта

Весна Петрушевска објави момент од емисијата каде Тоше пее со Бени Шаќири, Каролина ја пее неговата песна „Илузија“, Пере од Нокаут ја посети спомен-куќата во Крушево, Џамбазов, Елена Ристеска, Тони Цетински и другите ѕвезди објавија емотивни зборови во сеќавање на 14-годишнината од смртта на македонската, музичка легенда.

karolina-pee-negova-pesna-vesna-petrushevska-so-emotivna-objava-estradata-se-sekjava-na-toshe-14-godini-po-smrtta-01.jpg

Поминаа 14 години откако престана да чука срцето на момчето со ангелски глас, што ја освои Македонија, Балканот, а тргна на добар пат да го освои и светот.

Тоше Проески беше македонската музичка гордост, човекот кој освен со својот талент, зрачеше со добрина, љубов, хуманост и човечност.

За жал, на само 26 години, на тој кобен 16-ти октомври, во раните утрински часови, тој загина во трагичната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. 

Зад себе остави богато музичко наследство и огромна празнина која и по 14 години сите ја чувствуваат.

Неговите колеги од македонската и балканската естрада секој 16-ти октомври се присеќаат на Тоше, упатуваат емотивни зборови и незаборавни спомени.

Објавите на естрадните личности за човекот кој никогаш нема да биде заборавен:

Каролина Гочева

Елена Ристеска

Калиопи

Весна Петрушевска - Бејби

„14 години без тебе и пак врне...

Оваа песна ми е особено драга од милион наши причини ...па како се договаравте да ја отпеете, многу сакав заедно нешто да направите....има толку приказни за секоја наша средба...детали, насмевки, тајни, горчини ..си ги чувам за себе така е најарно. Те сакам до небото и назад.“

Игор Џамбазов

„Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме...“

Тони Цетински

„И денес 14 години подоцна, тешко ми е да зборувам за Тоше, како и првиот ден кога тоа се случи.

Од неговото заминување веќе ништо не е исто, а секој ден, месец и година уште повеќе недостасува, не само на мене, туку и на сите нас кои имавме привилегија да го познаваме, да се дружиме, да работиме, да се веселиме и да тагуваме.

Искрено верувам дека со ова отиде на подобар свет, но благодарение на неговите дела и човечки вредности и скромност, останува засекогаш доказ и еден од оние кои ја враќаат вербата во човештвото и Бог. Го сакаме засекогаш, а сето она она што заедно го планиравме знам дека ќе го надоместиме кога ќе се сретнеме горе.“

Пере од Нокаут

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава