Романтично запросување во Охрид, во вила во стил на Санторини (фото+видео)


Романтично запросување во Охрид, во вила во стил на Санторини (фото+видео)

Многу црвени балони, шампањ, ливчиња од рози и бела бајковита вила како да сте на Санторини... Александар (26) од Скопје организираше сцена од бајка за својата сакана Бојана (24).

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-01.jpg

Бојана Божиновска (24) од Скопје доживеа бајковито запросување од својот сакан Александар Спасовски (26) во вила во Охрид направена во стил на Санторини.

Бојана открива дека се 5 години заедно и дека отсекогаш му велела на Александар дека сон ѝ е да ја запроси на Санторини затоа што е маѓепсана од овој остров со бели куќички.

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-04.jpg

Александар ја запомнил нејзината желба и кога случајно во спотот на црногорскиот пејач Дадо Полумента за песната „Лане“, ја видел белата вила од Охрид, го потсетила на Санторини и одлучил дека тоа е совршеното место за да ја запроси, за да може да дојдат и нивните најблиски.

Александар го подготвувал запросувањето два месеци со најблиските, без Бојана да дознае.

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-02_1.jpg

Бојана за CRNOBELO.com споделува детали од запросувањето:

„Најпрво почна со тоа што ми се јавија дека имаме две ноќи бесплатно во вила во Охрид за двајца што мора да се искористи до недела, па така по два дена појдовме на пат заедно со мојата најдобра пријателка и нејзиниот партнер.

Кога стигнавме нè пречека газдарицата на вилата, но дотогаш немаше никакво изненадување. Се сместивме во вилата и рековме да прошетаме до Свети Наум и вечерта кога се вративме во вилата беше запросувањето.

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-05.jpg

Бев збунета и не знаев каде се наоѓам од толку среќа и возбуда. Откако му кажав „ДА“ видов како доаѓаат луѓе накај мене, но од среќа и збунетост не знаев кои се. Кога се освестив сфатив дека тоа е моето семејство.

Навистина сум среќна што Александар се потрудил и пронашол совршена вила за запросувањето, која навистина дава чувство како да сте на Санторини.“

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-01_1.jpg

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-06.jpg

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-07.jpg

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-03.jpeg

romantichno-zaprosuvanje-vo-ohrid-vo-vila-vo-stil-na-santorini-foto-video-02.jpg

Видео од запросувањето:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Запросување на Македонка на зајдисонце во Кападокија, со балони во позадина (фото) „Драгана е романтичен тип, таа не можеше да насети дека се подготвува запросувањ...
Охрид блеска во новогодишно руво (фото) Охрид е магичен во секое годишно време, па така е и во овој претпразничен период...
Романтично запросување на Наталија од Битола, која се избори со ракот на 26 години (видео) Таа на само 25 години се соочи со најтешката дизајноза, но сега тоа е зад неа, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg