Елена Ристеска доби награда во Србија – на црвениот тепих позира со Бојан Маровиќ

„За жал, во мојата земја сè помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности. Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство, тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот“, напиша Елена Ристеска.

elena-risteska-dobi-nagrada-vo-srbija-na-crveniot-tepih-so-bojan-marovikj-01.jpg

Елена Ристеска вчера (10.11) ја доби наградата „Личност на годината во светот на поп музиката” во Сокобања, Србија.

На настанот се појави во елегантно издание со кусо црно фустанче со бели детали.

Откри дека најмногу уживала со нејзиниот колега, пејачот Бојан Маровиќ.

На својот Инстаграм профил таа напиша:

„Вчера бев прогласена за „Личност на годината во светот на поп музиката” и се закитив со уште една статуетка или награда како една од 7-те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија.

Уште една награда на моите полици дома, меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19 години музичка кариера.

За жал, во мојата земја сè помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности.

Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство, тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот.

Благодарам и на прекрасниот Бојан Маровиќ за дружбата, тој е мој брат, а не колега или другар. И благодарам за убавото интервју на Сузана Манчиќ.“

elena-risteska-dobi-nagrada-vo-srbija-na-crveniot-tepih-so-bojan-marovikj-05.jpg

elena-risteska-dobi-nagrada-vo-srbija-na-crveniot-tepih-so-bojan-marovikj-04.jpg

elena-risteska-dobi-nagrada-vo-srbija-na-crveniot-tepih-so-bojan-marovikj-03.jpg

elena-risteska-dobi-nagrada-vo-srbija-na-crveniot-tepih-so-bojan-marovikj-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Елена Ристеска прослави 40-ти роденден – блескаше во бел аутфит, Антониа и Весна Бејби пееја, па дув... Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска пееше песна од...

Најчитани неделава