Лешница е како сцена од најубавата есенска бајка (фото)

Шолја топло турско кафе со спектакуларен поглед, со звук од водопад, со природа во најубави есенски тонови, со килим од лисје... Лешница, звучи како совршена есенска дестинација, зарем не?

leshnica-e-kako-scena-od-najubavata-esenska-bajka-foto-01.jpg

Лешница е долина на Шар Планина и дефинитивно еден од најубавите предели во Македонија.

Периодов таа е обоена во најубавите есенски бои, а пикник таму со печење колбавчиња на оган и шолја топло турско кафе е совршен начин за полнење на батериите.

leshnica-e-kako-scena-od-najubavata-esenska-bajka-foto-02.jpg

Лешница се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат. На југозапад е оградена со највисокиот Титов Врв, додека на југоисток со вториот највисок врв Бакардан, на запад со Среден Камен и на исток со Плат, додека кон север е отворена и се спојува со долината на реката Пена.

leshnica-e-kako-scena-od-najubavata-esenska-bajka-foto-03.jpg

Се дели на Долна Лешница на надморска височина од 1.450 метри и Горна Лешница од 2.221 метар надморска височина.

leshnica-e-kako-scena-od-najubavata-esenska-bajka-foto-04.jpg

Фото докази дека Лешница е како сцена од есенска бајка периодов:

С. С. | Црнобело / Фото: Цоци Лазаревски

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Маж украл фустан од Ивана Кнез на ревија во Милано: „Го облекол и побегнал, заедно со чантата со акс... Мајката на нашиот модел Елена Реи, Рената, имала немила случка на Модната недела...

Најчитани неделава