Манастирот Бигорски се „разбуди“ во снежна идила - читателка ни ја доловува атмосферата оттаму (фото)

Ова место има душа, има посебен шарм, зрачи со некоја магија, а сега обоен во бело е вистинска сцена од зимска бајка. Го посетувате ли често Бигорскиот манастир?

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-01.jpg

Наша читателка на социјалните мрежи се пофали како утринава се разбудила среде снежна идила во Бигорскиот манастир.

Не можевме, а да не ја контактираме детално преку фотографии да ни ја долови атмосферата оттаму.

За Бигорскиот манастир навистина нема потреба да кажуваме дека има посебна магија, плус обоен во бело е како сцена од зимска бајка.

Бигорски манастир Свети Јован Крстител се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија.

Станува збор за еден од најголемите духовни центри во Македонија, но и пошироко на Балканот.

Во него својот духовен мир го наоѓаат илјадници души, а молитвите на Игуменот, Епископот г. Партениј и на неговото братство се вистинско богатство за светот.

Манастирот претставува архитектонско ремек-дело, во една чудесна складност со планинските природни убавини во тој крај.

Снежната идила на Бигорски, низ објективот на Црна Рибизла:

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-08.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-10.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-03.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-09.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-07.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-06.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-05.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-04.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-foto-02.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-chitatelka-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-foto-04.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-chitatelka-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-foto-03.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-chitatelka-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-foto-02.jpg

manastirot-bigorski-se-razbudi-vo-snezhna-idila-chitatelka-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-foto-01.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: Црна Рибизла

Би можело да ве интересира:

Прв снег на Попова Шапка сезонава - Гале од Тетово ни ја пренесува атмосферата оттаму (фото) На Попова Шапка денес (12.11) првпат годинава падна снежна прекривка. Кон средин...
Нова утринска снежна бајка на Попова Шапка среде јануари (фото) Скијачите и вљубениците во зима копнеат по снег годинава, но ски центрите како м...
Пелистер прекриен со снежна прекривка - Ивана ни ја пренесува атмосферата оттаму (фото) Снекчето тивко си паѓа, се формира тенка снежна прекриква, а сé мириса на зима, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg