„Каков удар сине!“ - Македонските познати личности со емотивни објави по смртта на актерот Славиша Кајевски

Од Весна Петрушевска и Јелена Јованова до нашата Министерка за култура, веста за смртта на актерот Славиша Кајевски ги потресе сите. „Ама зошто бе Славиша, зоштооо? Нека ти е светол патот“, напиша Јелена Јованова.

kakov-udar-sine-makedonskite-poznati-lichnosti-so-emotivni-statusi-po-smrtta-na-akterot-slavisha-kajevski-01.jpg

Тага, болка, неверување... Смртта на младиот актер Славиша Кајевски ја потресе цела држава.

Македонските познати личности со емотивни објави по неговата смрт:

Весна Петрушевска

„Каков удар сине! Монструозен и подмолен шок. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу... Одмори се и поздрави ги другарите.“

Благој Веселинов (актер)

„Веќе фалиш Орте.“

Нина Јанева

„О Боже... О Боже не ми се верува... Почивај во мир.“

Драган Спасов Дац

Ирена Стефоска (Министерка за култура)

„Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша.“

Миа Костова

„Мирно небо Славиша.“

Јелена Јованова

„Ама зошто бе Славиша, зоштооо? Нека ти е светол патот.'

Kристина Арнаудова

„Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук, секогаш спремен за забава и шеги, со кој имаме поминато многу незаборавни моменти, замина од каде што враќање нема.

Почивај во мир душо убава и чиста, немаме зборови да ја искажеме нашата тага и неверување… Другарот на Алескандар со кој цело време си правете муабет за ракометот. Ќе недостигаш… многу... на сите! Нашето семејство нема никогаш да те заборави… Ова е последен поздрав од нас, Кристина, Александар, Максим и Матео… Летај душо сега. Таму е сигурно подобро.“

Eлена Ристеска

„Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи... не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша.“

/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати Македонци кои го започнаа лето 2025 со одмор во Турција – водни лудории со деца, уживање во ... Лила Филиповска се забавува и се качи на фламинго за време на одморот во Бодрум,...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои? Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не м...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...

Најчитани неделава