Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зои Блаж за акните на лицето: „Веќе не ми е грижа кога некој ќе ми искоментира ‘Што ти е со лицето’?

„Му благодарам на мојот сакан Тадеј кој секојдневно ми кажуваше колку сум убава без шминка, иако имав проблем со лицето...“, гласи дел од објавата на Зои Блаж.

zoi-blazh-za-aknite-na-liceto-vekje-ne-mi-e-grizha-koga-nekoj-kje-mi-iskomentira-nekoj-shto-ti-e-so-liceto-01.jpgфото: Антонио Станков

Зои Блаж е една од оние девојки во Македонија кои отворено говорат за проблемите со своето лице.

Таа уште на почетокот од годинава објави фотографија на која нема ниту грам шминка на себе, а сега повторно го стори истото со порака до сите девојки кои се соочуваат со ваков проблем.

Инаку, Зои Блаж е шминкерка и пејачка која на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 23.000 следбеници, постојано прикажува каква моќ на трансформација има шминката.

Исповедта на Зои:

„Многу е лесно да се нашминкаме и да изгледаме совршено, но тоа не секогаш е и најдобро. Јас пред 3 години собрав храброст да го споделам мојот проблем со сите вас, благодарение на луѓето околу мене, на моето семејство, на мојот Тадеј кои секојдневно ми кажуваа колку сум убава без шминка иако имав проблем со лицето.

Самодовербата почна да расте сè повеќе, собрав храброст и излегов на улица онаква каква што сум и за првпат се чувствував убаво, не ми беше гајле дали некој ме гледа лошо, дали ќе ми искоментира некој - ШТО ТИ Е СО ЛИЦЕТО?

Знаете зошто? Бидејќи надворешниот изглед е менлив, секој може со шминка да ги скрие несовршеностите, но душата, човештвото и пораката што ја пренесуваме е најважна.
Сакајте се и со несовршеностите, сакајте се вистински, ширете љубов. Убави сме и кога не сме со шминка.

Ѝ благодарам на Нина Ред што собра храброст да се покаже во вистинско светло со крената глава и што ме предизвика.

Јас ве предизвикувам сите што имаме таков или сличен проблем да излезете без шминка надвор, да се сликате такви какви што сте , бидејќи сите сме УБАВИ.

Јас сум ова денес благодарение на вас, што ме пратите, ми давате инспирација, ми верувате и секојдневно што ме подржувате во мојата работа , Ве Сакам!“

Повеќе фотки од Зои:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Се породи Зои Блаж: „Фала ти ќерко што нè одбра да бидеме твои родители“ „Здраво свету, јас сум Мариа Матијашич...“, напиша Зои Блаж и објави фотка од св...
Зои Блаж: „Пред 6 години доктор ми кажа - со твојата болест не можеш да бидеш мајка, но Бог ми даде ... „Пред повеќе од 6 години ми беше срушен најголемиот сон - а тоа е да станам мајк...
Виктор од Велес: „Моментално се грижам за 60 кучиња, како и за 3 спасени коњи, 2 кози и една овца“ „Моментално имам свое прифатилиште каде се грижам за повеќе од 60 кучиња, сите с...
Зои Блаж и ракометарот Тадеј го открија полот на бебето: „Принцезо наша со нетрпение те чекаме“ Македонската инфлуенсерка и словенечкиот спортист преку Инстаграм открија дека ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg