Нашата водителка Нина, со искрена фотка: „За лице со акни, најголем предизвик е да излезеш без шминка“

„За лице со постојано појавување на акни, најголем предизвик е да излезеш на улица без шминка. Не зборувам за тоа кој и како ќе ме гледа, туку да се обидам да излезам од својот кафез. Изминатата недела собрав храброст..“, раскажува Нина Ред.

nashata-voditelka-nina-so-iskrena-fotka-za-lice-so-akni-najgolem-predizvik-e-da-izlezesh-bez-shminka-01.jpg

Во последно време повеќе Македонки на своите Инстаграм профили отворено проговорија за проблемите со акните на лицето, па по Зои Блаж, Ана Стојанова, сега и македонската водителка, танчарка и инфлуенсерка Нина Ред, односно Николина Славковска, го покажа лицето во природно издание.

Таа вели дека по 9 години за првпат собрала храброст отворено да говори на темата и да излезе и да се прошета без да ги крие акните.

Порачува дека чувството е прекрасно и ги охрабрува и другите девојки да го сторат истото, како и да се грижат за својата кожа.

Нејзината објава гласи:

„Сите ние колективно треба да сме понежни во меѓусебната комуникација едни со други, а кон самите себеси далеку најнежни. Сфативме дека мислите умеат да го преземат воланот, но не и да ја одредат локацијата каде целиме да стигнеме.

Низ сите овие фази во кои што поминав со лицето моментално кожава го живее најдобриот период од својот живот. За лице со постојано појавување на акни, најголем предизвик е да излезеш на улица без шминка.

Не зборувам за тоа кој и како ќе ме гледа, туку да се обидам да излезам од својот кафез.

Изминатата недела собрав храброст и за прв пат бев на јавен настан, поточно на плоштад Македонија за денот на италијанската храна, меѓу голема толпа луѓе и во другиот агол јас и моето природно лице.

Замислете, си го победив стравот после цели 9 години. Немало поубаво чувство. Пеев, играв, се смеев, објавував сториња. Среќа!

Сега знам дека луѓето низ моето лице и очи ја гледаат само душата моја, а не состојбата на лицето. Сè си има свој процес на лекување и треба да се има трпение. Затоа со ова сакам да ја поттикнам секоја една девојка, па и момците (знам дека ве има) да почнете да се грижите за својата кожа, хранете се здраво, направете ги сите редовни контроли, алерго тестови, хормони, читајте книги, направете гинеколошки преглед, медитирајте, обратете се до своите дерматолози, луѓе кои навистина темелно ја разбираат оваа проблематика (која е се почеста кај помладите), бидејќи и ова драги мои е длабока љубов кон себеси.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Нина Ред со искрена исповед: „Еден период не бев добро – многу ослабнав, немав волја за ништо, почна... „Еден период не бев добро, се изгубив себеси. И тоа се одрази на моето тело. Мно...
Антониа Гиговска стана заштитно лице на ракометен клуб: „Бев десен бек во основно, знам што значи же... „Од клубот ми кажаа дека ме избрале мене затоа што сакале женско лице, некој што...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава