Исповед на Јован од Тетово: „Вдомив маче, беше преплашено, не се доближуваше до никого - кои работи ги сфатив?

„Ми викаа, да го вратам на улица, а мене тоа не ми ни паѓаше на памет. Кој сака нека се смее, тој што не доживеал, не знае, ама како велат - уличните мачиња и кучиња се животни без крилја, затоа што Бог не сака да знаеме дека тоа се негови ангели...“, раскажува Јован Илиески (22), кој живее во Тетово.

ispoved-na-makedonec-vdomiv-mache-beshe-preplasheno-ne-se-doblizhuvashe-do-nikogo-koi-raboti-gi-sfativ-01.jpg

Јован Илиески е младо инспиративно момче кое на само 22 години има напишано 5 книги. Тој е психолог и иден гешталт психотерапевт, живее во Тетово, а препознатлив е по специфичниот моден стил. Но, најважно од сè е што е момче со душа.

На својот Фејсбук профил тој раскажа како вдомил маче и како тоа направило да сфати некои работи за животот.

Неговата објава:

„Пред скоро година, го згрижив ова маче за да можам да го дадам некому, затоа што веќе го имав мачорот Симба. Најпрво, морав да го дадам, затоа што две се поголема обврска од едно.

Не успеав да го дадам, немаше кој да го вдоми. Ми викаа, да го вратам на улица, а мене тоа не ми ни паѓаше на памет.

Беше преплашено, не се доближуваше до никого од страв и само мене ме знаеше и мојата енергија му беше сигурна.

Почна да спие со мене, па го запозна и постариот мој мачор. Знаев дека немаше шанси да го оставам ако не го земе никој, а по некое време и ниту планирав да го дадам на некој и да го побара.

На видеото, после фотографијава е истиот мачор, само уплашен, напуштен, гладен, валкан и со мјаукање на плач.

Денес, еве го, во топло домче и неговата прва Нова година со мене.

Среќно, паметно и многу посебно.

ispoved-na-makedonec-vdomiv-mache-beshe-preplasheno-ne-se-doblizhuvashe-do-nikogo-koi-raboti-gi-sfativ-02.jpg

Сега не го давам за ништо на светов. Со двајца мачори, како, така - се снаоѓам и уживам во тоа.

Има една разлика измеѓу поголемиот Симба и бебево на сликава, а тоа е дека Симон живее со стравот да не го пуштам пак надвор на улица, а Симба е љубопитен што има на улица, надвор.

И тоа е сè што треба да знаете колку сме идентични со животните по инстинкт.

И тие се лути, бесни, гладни, анксиозни, тажни, среќни, радосни.

И уште еден мал детаљ: Симон е олицетворение на добар човек и наивен, затоа што ден денес, ниту по случајност нема пуштено канџи на мене, како секоја мачка.

Чувствува благодарност и верувале или не, тоа се гледа во неговото секојдневно однесување.

Кој сака нека се смее, тој што не доживеал, не знае, ама како велат - уличните мачиња и кучиња се животни без крилја, затоа што Бог не сака да знаеме дека тоа се негови ангели.

ispoved-na-makedonec-vdomiv-mache-beshe-preplasheno-ne-se-doblizhuvashe-do-nikogo-koi-raboti-gi-sfativ-03.jpg

И по не знам кој пат, овие две мои мачки ми го спасиле денот.

Ме израдувале, ме насмеале, ме спасиле од потенцијален пожар, ме смириле, ме натерале да престанам да плачам.

Да. Обврска е. И финансии и.

Ама па, и човек е.

Само што човек може да ти заврти грб кога ќе најде поудобно место. Не се плаши, затоа што себичноста му го надвладува стравот.

Ако ништо друго, животните цврсто се држат за стравот.

Со тоа и за љубовта и сигурноста што ја чувствуваат.

И нема разлика измеѓу нив двајца.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава