„Леле брлива“ - Сестрата на Игор Џамбазов со искрен коментар за напорниот тренинг на Илина Арсова (видео)

Нашата најпозната планинарка Илина Арсова се врати од подвизите во Јужна Америка, а очигледно слободното време го користи за да се врати на подготовките за нови подвизи. Таа објави видео во кое се гледа како изгледаат нејзините подготовки.

ilina-arsova-se-podgotvuva-za-slednite-podvizi-sestra-mu-na-igor-ja-fali-podgotvi-rezhim-i-za-mene-samo-bez-tegot-01.jpg

Дел од нас воопшто и не можат да замислат да се креваат на мускули на вратило, но за партнерката на Игор Џамбазов, Илина Арсова тоа не е проблем и тоа со огромен тег закачен на половината.

Јасно е дека освојувањето на планинските врвови во светот подразбира голем број подготовки и вежби, како физички, така и ментални, а Илина периодов го користи за одржување на физичката кондиција.

„Повторно во теретана“ – напиша Илина до видеото.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Илина доби голем број позитивни коментари, а меѓу нив беше и сестрата на нејзиниот партнер Игор Џамбазов, Татјана Џамбазова која, меѓу другото, напиша:

„Леле брлива... Мора да ме ставиш на режим кога ќе дојдам. Прави план. За мене нема потреба од тој тегот...“

ilina-arsova-se-podgotvuva-za-slednite-podvizi-sestra-mu-na-igor-ja-fali-podgotvi-rezhim-i-za-mene-samo-bez-tegot-povekje-03.jpg

Илина Арсова е првата Македонка која успеала да ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2019-тата година, таа се искачи на врвот Винсон на Антарктик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.

Дополнително, Илина во 2006-тата година го искачила Монблан, а во 2013-тата година стана првата жена од Македонија што го искачила Монт Еверест.

Минатото лето таа престојуваше во Еквадор, каде се искачи на врвот Ариста Санта Барбара (5.790m) и оттаму сподели видео на Инстаграм во кое нејзините следбеници можеа да видат како изгледа изгрејсонцето од овој врв во Еквадор.

Инаку, сестрата на Игор Џамбазов, Татјана живее во САД, а на својот Инстаграм профил деновиве објави фотографии со кои ја долови зимската идила таму.

Прочитајте и Прегрнува лавови, патува по светот: Сестрата на Игор Џамбазов е авантурист со нескротлив дух (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава