Намалувањето на штетите е концепт за подобра иднина

„Осудата на општеството може да го доведе поединецот до ситуација одеднаш да престане да користи одредени штетни работи, што автоматски ќе предизвика инхибиција на активностите. Таквото инхибирано однесување мора некаде да се испразни, а многу често ослободувањето доаѓа преку дејствија штетни за општеството“, рече д-р Имани Кендили, психијатар и потпретседател на Африканскиот центар за здравствени истражувања, на отворањето на панелот Размена на мислења за концептот на намалување на штети.

namaluvanjeto-na-shtetite-e-koncept-za-podobra-idnina-01.jpg

Како пример, докторката посочува прекумерната употреба на интернет или шеќер и не препорачува ненадеен прекин на употребата, туку дека со примена на концептот за намалување на штети треба да се најде адекватна помалку штетна алтернатива.

Концептот за намалување на штети е најдоброто решение за откажување од пушење

Познатиот француски онколог, д-р Давид Кајат, професор на Универзитетот Пјер и Марија Кири, во својата презентација ја зеде како пример примената на концептот за намалување на штетите од пушењето.

„Во Франција за многу кратко време влијаевме на намалување на бројот на пушачи за еден ипол милион луѓе. Но, тогаш видовме огромен проблем. Овие луѓе повторно се вратија на пушењето. Тогаш си го поставивме прашањето - зошто? После тоа бевме сигурни само во едно - ригорозните мерки нема да ги принудат луѓето да ги менуваат секојдневните навики.

Забраната не ги принуди граѓаните на САД да се откажат од алкохолот во 1920-тите и 1930-тите, па како да ги принудиме луѓето да се откажат од цигарите?“, продолжува тој.

Професорот Кајат истакна дека единствениот пристап кој може да доведе до целосно откажување од пушењето е концептот на намалување на штети. Тој објасни дека со напредокот на технологијата и науката е постигнато решение во тутунските производи со несогорлив тутун.

„Значи, ако не можете да се откажете од цигарите, а тоа е најдобриот можен избор што можете да го направите, тогаш најдете нешто што за почеток ќе ја намали штетата - применете го концептот за намалување на штета“, додаде тој.

namaluvanjeto-na-shtetite-e-koncept-za-podobra-idnina-02.jpg

Професорот научно го објаснува ова мислење:

„Проблемот со тутунските производи се хемиските материи кои се наоѓаат во чадот што се ослободува со согорувањето, додека технологијата на загревање на тутунот е помалку штетна алтернатива бидејќи не испушта тутунски чад“.

„ФДА го прогласи IQOS за производ со модифициран ризик“

Претседателот на Африканската медицинска унија, д-р Коси Летлапи ја објасни научната основа на концептот за намалување на штети:

„ФДА го прогласи IQOS за производ со модифициран ризик и тоа е неверојатен чекор. Научната вредност на овој производ е оправдана и е потврдена од експерти кои одлучуваат за квалитетот на производот. Многу е важно на сите да им се овозможи целосен и непоколеблив пристап до овие информации, бидејќи така ќе се стекне знаење, а знаењето е моќ!“

Др. Кендли додаде дека при спроведувањето и информирањето за концептот за намалување на штети, потребна е поддршка од сите чинители, пред сѐ државата, невладините организации, но и на деловниот свет.

namaluvanjeto-na-shtetite-e-koncept-za-podobra-idnina-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава