„Моето момче“ - Дарко Илиевски ужива во семејниот живот по преселбата во САД (фото)

„Поминуваат години и ти секој ден си сè подобра и подобра, мајка, жена и пред сè човек. Но, како и да е, ти за мене секогаш ќе бидеш она дете мое, дете најубаво...“, е само една од емотивните објави со кои Дарко ѝ искажува љубов на својата сопруга со која живее во САД.

moeto-momche-darko-ilievski-uzhiva-vo-semejniot-zhivot-po-preselbata-vo-sad-foto-01.jpg

Дарко Илиевски поради својата сакана пред неколку години се пресели во САД, каде заедно градат живот и го имаат синот Матео, кој во октомври годинава ќе наполни 3 години.

Деновиве некогашниот пејач објави фотографија од својот синоок наследник и напиша: „Моето момче“.

За Дарко 21-ви мај минатата 2021-ва година е еден од најзначајните датуми во животот затоа што токму на тој ден го доби своето американско државјанство.

На својот Инстаграм профил тогаш се пошегува дека и официјално е Американец, а неговата објава гласи:

„Пред 3 години започна моето ново патување, нов живот комплетно. Нов живот со измешани емоции, многу среќни денови и многу задачи исполнети. Сакам за сè да ѝ се заблагодарам на мојата сопруга затоа што без неа ништо немаше да направам.

Ти благодарам што си толку специјална и што го донесе Матео во нашите животи. Те сакам многу! Но, морам да кажам и дека ми недостигаат моите мајка, татко, сестра, внуци и пријатели, но се надевам дека ќе ги видам наскоро.“

Дарко е човек што не штеди на комплименти и убави зборови, па по повод роденденот на својата сопруга во мај минатата година посвети уште една емотивна објава:

„Поминуваат години и ти секој ден си сè подобра и подобра, мајка, жена и пред сè човек. Но, како и да е, ти за мене секогаш ќе бидеш она дете мое, дете најубаво. Благодарам што си моето совршенство. Со Матео те сакаме толку многу.“

Повеќе семејни фотографии од Дарко Илиевски:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Ана Стојанова ужива со сопругот во бич бар во Аланија - во минималистички бикини ја истакна формата ... Кирил ѝ приреди филмско запросување во 2021 година, направија свадба во вила со ...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...

Најчитани неделава