„Среќен 40-ти роденден тато“ - Андреј од ДНК го прослави роденденот со ќеркичката

Андреј од ДНК веќе 7 години ужива во брачниот живот со сопругата Наталија и е посветен на воспитувањето на ќерката Јана. „Јас и моево мало сакаме да ве замолиме да ни помогнете при дувањето на свеќиве...“, ја започнува роденденската објава музчарот.

srekjen-40-ti-rodenden-tato-andrej-od-dnk-go-proslavi-rodendenot-so-kjerkichkata-01.jpg

Андреја Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, вчера (08.02) го прослави 40-тиот роденден во семејна атмосфера со ќеркичката Јана во раце.

Тој од 2002 година е дел од групата ДНК заедно со Владимир Блажев, односно Панчо од ДНК.

На поле љубов веќе 6 години ужива во брачниот живот со сопругата Наталија и е посветен на семејството.

Не објавува многу фотографии од своето секојдневие, но кога го прави тоа тие се токму од миговите кога се дружи со малата Јана.

На роденденската фотографија Андреј напиша:

„Здраво. Јас и моево мало сакаме да ве замолиме да ни помогнете при дувањето на свеќиве бидејќи се расфрлани на сите страни и се во многу голем број. Ви благодариме однапред и на здравје!“

На тортата на Андреј пишуваше посвета од Јана: „Среќен 40-ти роденден тато“.

Повеќе семејни фотографии од Андреј:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Андреј од ДНК денес ќе наполнеше 44 години - Сопругата со емотивна фотографија на првиот роденден по... Да беше жив, Андреја Ѓорѓиески, или само Андреј од ДНК, како што го викаа сите п...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...

Најчитани неделава