Македонски јутјубери му го разубавеа денот на бездомник: Реакцијата на чичко Ванчо кога доби 20.000 денари и нов изглед (видео)

„Не, не сакам да ги земам овие пари, дајте ги на некој друг“ - вели бездомникот чичко Ванчо кому македонските јутјубери од шоуто Big Bucks одлучија да му дадат 20.000 денари, нова облека, топол туш и храна. Како животот на овој човек се промени во еден ден?

makedonski-jutjuberi-mu-go-razubavija-denot-na-bezdomnik-kako-reagira-chichko-vancho-koga-mu-davaat-20-000-01.jpg

Како може да му го разубавите денот на некој човек кому му е потребна помош? Што значи големиот бакшиш за доставувачите на храна, а што значи на бездомниот човек да му пружиш помош кога му е најпотребна?

Big Bucks е ново YouTube реално шоу во Македонија кое се занимава со добротворна забава, а во видеата може да видиме како момците од шоуто се обидуваат да им го разубават денот на оние на кои што им е најпотребно тоа.

makedonski-jutjuberi-im-go-razubavija-denot-na-onie-na-koi-im-e-najpotrebno-02.jpg

Во првото видео се гледа како реагира доставувач на храна откако доби бакшиш од јутјуберите во износ од 3.000 денари, како реагира питачот на крстосница откако од нив доби 650 денари, а што значат топлиот туш, потстрижувањето, облеката и храната за чичко Ванчо, кој години наназад живее без покрив над глава.

makedonski-jutjuberi-im-go-razubavija-denot-na-onie-na-koi-im-e-najpotrebno-03.jpg

Чичко Ванчо во шоуто ја раскажува својата животна приказна, а вели дека во минатото работел како кранист, таксист, рудар, но заради слабиот вид во моментов не може ниту да работи, иако сака.

Момците од шоуто најавија дека во вториот дел од шоуто ќе го однесат на лекар и ќе му помогнат да добие очила.

makedonski-jutjuberi-im-go-razubavija-denot-na-onie-na-koi-im-e-najpotrebno-04.jpg

Македонските јујубери му дадоа околу 20.000 денари, а тој со солзи во очите вели дека би ги земал, но сепак не ја крие сопствената скромност, па ги замоли да ги дадат на некој друг кому му се попотребни.

„Сега и да умрам не ми е жал, затоа што знам дека во Македонија има луѓе“ – вели чичко Ванчо.

makedonski-jutjuberi-im-go-razubavija-denot-na-onie-na-koi-im-e-najpotrebno-05.jpg

„Тоа е хартија што е само како алат за да преживееш и ако ја имаме треба да ја шириме со околината“ – велат момците.

Македонските јутјубери покажуваат колку малку е потребно за да им се помогне на луѓето што од различни причини се нашле на улица без покрив над глава, а чичко Ванчо најмногу се израдува на малото транзисторче на батерии на кое ќе може да слуша музика во иднина.

makedonski-jutjuberi-im-go-razubavija-denot-na-onie-na-koi-im-e-najpotrebno-06.jpg

Во видеото погледнете ја приказната на чичко Ванчо и како македонските јутјубери успеаја да му го разубават денот:

https://www.youtube.com/watch?v=VxMe-z5EgQU

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава