Андреа се извини откако го фрли македонското знаме: „Гo носам знамето насекаде со мене, немав намера да навредам некој“

„Не ми беше никаква намера да навредам некој. Ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека можеме навистина да поминеме со ова“, вели Андреа во видеото со коешто се извинува.

andrea-se-izvini-otkako-go-frli-makedonskoto-zname-go-nosam-znameto-nasekade-so-mene-nemav-namera-da-navredam-nekoj-01.jpg

На официјалната церемонија за отворање на Евровизија, додека позираше на тиркизниот тепих, нашата претставнилчка Андреа во еден миг го фрли македонското знаме настрана и продолжи да позира без него.

Нејзината постапка наиде на остри критики од јавноста – граѓаните сметаат дека со ова Андреа покажала непочитување кон македонското знаме, а некои истакнаа дека тоа е казниво со закон.

Набрзо по острите реакции од јавноста, се огласија и од МРТ, со официјално соопштение преку кое ја осудуваат постапката на Андреа.

Штом веста се разгори во медиумите, на официјалниот Инстаграм профил на македонската делегација на Евровизија беше споделено видео од Андреа на коешто се извинува.

Целата изјава на Андреа во продолжение:

„Сакав да направам една кратка изјава овде од отворањето затоа што видов што се пишува во медиумите и едноставно не ми се верува, затоа што последниве неколку дена единственото нешто што го правев е гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

Но во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше стварно навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето.

Не беше од омраза, затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука за да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива.

Тука сме да уживаме, тука сме да делиме страст и се надевам дека можеме така да поминеме. Не ми беше никаква намера да навредам некој. Ако го направив тоа, се извинувам.

Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека можеме навистина да поминеме со ова“.

https://www.instagram.com/tv/CdUACBqDNGa/

Прочитајте повеќе: Скандал на Евровизија – МРТ размислува да ја повлече нашата претставничка, откако го фрли македонското знаме (видео)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава