Скандал на Евровизија – МРТ размислува да ја повлече нашата претставничка, откако го фрли македонското знаме (видео)

По скандалозниот потег на Андреа, која го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих на Евровизија со намера да позира без него, се огласија и од МРТ: „Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон“.

skandal-na-evrovizija-mrt-razmisluva-da-ja-povleche-nashata-pretstavnichka-otkako-go-frli-makedonskoto-zname-video-01.jpg

Вечерва (08.05.2022) се одржа официјалната церемонија за отворање на Евровизија, а на тиркизниот тепих прошетаа делегации од сите земји претставнички.

skandal-na-evrovizija-mrt-razmisluva-da-ja-povleche-nashata-pretstavnichka-otkako-go-frli-makedonskoto-zname-video-02.jpg

Кратко по појавувањето, нашата претставничка Андреа Коевска, која позираше со македонското знаме во рака, одеднаш го фрли знамето и продолжи да позира со празни раце, па се упати кон водителите за кратко интервју.

skandal-na-evrovizija-mrt-razmisluva-da-ja-povleche-nashata-pretstavnichka-otkako-go-frli-makedonskoto-zname-video-03.jpg

Нејзиниот потег наиде на голема осуда од македонската јавност, а сега и јавниот сервис соопшти дека го осудува скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка, па дури и дека се разгледува опцијата за нејзино повлекување од Евровизија.

Погледнете го видеото (македонската делегација се појавува на 55-та минута)

Во официјалното соопштение на МРТ стои:

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон...

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава