Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Браво! Германска улична музичарка ја пее „Море сокол пие“ за Македонка што живее таму (видео)

Мануела од Скопје, на која прекрасното сончево германско гратче Фрајбург на Брајсгау ѝ е дом веќе неколку години, споделува прекрасна ситуација оттаму... По нејзина нарачка, германска улична музичарка ѝ ја отпеала нашата легендарна „Море сокол пие“.

bravo-germanska-ulichna-muzicharka-ja-pee-more-sokol-pie-za-makedonka-shto-zhivee-tamu-video-01.jpg

Мануела Боневска од Скопје веќе неколку години живее и работи во Фрајбург, Германија, а сега на својот Фејсбук профил се пофали со прекрасна случка оттаму.

Таа откри дека по нарачка, германска улична музичарка ѝ ја отпеала „Море сокол пие“ среде Фрајбург.

bravo-germanska-ulichna-muzicharka-ja-pee-more-sokol-pie-za-makedonka-shto-zhivee-tamu-video-03.jpg

Прекрасно, зарем не? Кога локалците прават да се чувствувате како дома...

Инаку Фрајбург на Брајсгау е град во југозападна Германија, низ кој се протега реката Драјзам, во подножјето на Шлосберг. Тој е еден од најпознатите стари германски универзитетски градови и го краси прекрасна средновековна катедрала.

bravo-germanska-ulichna-muzicharka-ja-pee-more-sokol-pie-za-makedonka-shto-zhivee-tamu-video-05.jpg

Познат е и по високиот стандард за живеење и напредните еколошки практики. Градот се наоѓа во срцето на прекрасен винарски регион и служи како главна туристичка влезна точка на убавината на Шварцвалд. Според метеоролошките податоци, градот е најсончевиот и најтоплиот во Германија.

Прекрасната случка од ова германско гратче:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Осамна мурал од Андреј од ДНК на ѕид во кафуле во Скопје - трогната и неговата сопруга „Толку ги слушав и пуштав ДНК во моето кафуле што почнаа да ми викаат ‘Досаден с...
Браво! Осамна мурал од Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме нају...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg