Ана Стојанова, фитнес тренер и една од најатрактивните Македонки, во танга бикини – горда на изгледот, по здравствените проблеми

„Цел живот со траума од една иста мисла:  Кога ќе ми ‘излезе’ капачето од коленото следен пат? Четири месеци од втората (и дај боже засекогаш последна) операција на коленото. Тешко беше, болно, демотивирачки. Сум седела по цели вечери и сум плачела затоа што ниту едно апче не можеше да ми помогне. Станував за да се исплачам кога никој не ме гледа...“, раскажува искрено Ана Стојанова, еден од најпознатите онлајн фитнес тренери кај нас.

ana-stojanova-fitnes-trener-i-edna-od-najatraktivnite-makedonki-vo-tanga-bikini-gorda-na-izgledot-po-zdravstvenite-problemi-01.jpg

Ана Стојанова, една од најпознатите фитнес тренери кај нас и една од најатрактивните Македонки, е сосема природна и своја, па така отворено говори за проблемите со кои се соочува во животот, како што е проблемот со коленото и двете операции кои се зад неа.

Таа вели дека сега се чувствува одлично и горда е што успеала своето тело брзо да го врати во форма.

Токму затоа позираше во танга бикини за време на нејзиниот одмор за да покаже каков пат изодела.

Нејзината објава гласи:

Цел живот со траума од една иста мисла:

-Кога ќе ми „излезе” капачето од коленото следен пат?
-До кога ќе издржам со овој проблем?!
-Како ќе се симнам јас по овој пат сега?!

Четири месеци без два дена од втората(и дај боже засекогаш последна) операција на коленото.

Без проблем ги правам СИТЕ ВЕЖБИ (а најмногу им се радувам на исчекори) и не можам да ви опишам колку сум среќна што го пишувам ова, а посебно горда кога ја гледам оваа или било која друга слика од мене.

За рекордно време успеав да го вратам мускулот на ногата и НЕ, не беше лесно. Тешко беше, болно, демотивирачки. Сум седела по цели вечери и сум плачела затоа што ниту едно апче не можеше да ми помогне. Станував за да се исплачам кога никој не ме гледа и секогаш кога ќе ме прашаа од дома како ти е…?!

Никогаш не се пожалив дека не е добро, дека е лошо и дека има ноќи кога посакувам да си ја искорнам косата од болки.

Ама помина.

И ете ме сега, стојам како пример пред цела Армија, пред илјадници жени кои се борат секој ден да стигнат до целта.

Знам дека има денови кога ви е смачено и од планот (за вежби и исхрана) и од мене и од целово ова.

Ама знаете и вие, а знам и јас дека ќе вреди.

Секој ден ми е убаво што стојам на нозе и што си помогнав сама, вежбав и со конци и кога најмногу болеше.
Ау колку е слатко кога ќе успееш, а си поминал по најлошиот пат и си стигнал до целта!

Истото ве чека и вас!!!

Оваа година ветивме дека ќе има најмногу трансформации и има да го исполниме тоа па што сака нека биде!
Фала ви што бевте тука во мојот најтежок период, затоа ни јас не ве оставам сега.“

Повеќе фотографии од Ана на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Бикини со перје, сопругот ја фенира: Љупка Митрова уживаше во луксуз и романтика на Малдиви (фото) Од романтична вечера на плажа со специјална декорација до пливање во танга бикин...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Ана Стојанова се пресели на 1 месец во Дубаи – ја покажа гарсоњерата каде ќе живее, со поглед од 22 ... „Хабиби, се преселив 1 месец во Дубаи... Можеби мислите дека ова е обична гарсоњ...

Најчитани неделава