Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

30 годишното искуство на болницата Неуромедика како висококвалитетна медицинска установа го потврдија и членовите на жирито на „Balkan Medical Awards“ кои одлучија оваа година да им доделат две награди „Болница на годината 2022“ и „Најдобар менаџер за 2022“.

neuromedika-dobi-dve-nagradi-na-balkan-medical-awards-2022-01.jpg

На свечениот настан “Balkan Medical Awards” кој се одржи на 17. јуни во Пловдив, во хотелот “Санкт Петерзбург”, наградите ги прими сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика Д-р Емил Угриновски кој им се заблагодари на организаторите и членовите на жирито за укажаната доверба.

neuromedika-dobi-dve-nagradi-na-balkan-medical-awards-2022-02.png

„Особено сум горд и среќен на овие награди за Неуромедика. Наградата за Неуромедика за најдобра болница доаѓа во многу важен период за нас кога одбележуваме јубилеј 30 години постоење. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно.

Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на посветено и континуирано инвестирање во нашите капацитети, во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар.

Наградата за „Најдобар менаџер“ што ја добив би сакал да ја посветам на моите вработени и на моето семејство кои неизмерно ме поддржуваат и ме прават да бидам успешен во она што го работам. Успешен менаџер се станува само ако сте опкружени со вреден и квалитетен тим на луѓе, а ние во Неуромедика го имаме баш тоа.“ – истакна Д-р Емил Угриновски.

neuromedika-dobi-dve-nagradi-na-balkan-medical-awards-2022-03.png

Добивањето на овие награди за Неуромедика е директен индикатор за нивното високо ниво на квалитет кое е постигнато низ посветеност и грижа за здравјето на пациентите во државата и регионот. 30 години Неуромедика работи на тоа поле, да се пружа современо и пристапно здравство за секого со напредна медицинска апаратура и еминентни лекари кои се експерти во своите области.

neuromedika-dobi-dve-nagradi-na-balkan-medical-awards-2022-04.jpg

Болница Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија и е позната по современиот пристап и напредната здравствена заштита за пациентите.

neuromedika-dobi-dve-nagradi-na-balkan-medical-awards-2022-05.jpg

Во изминативе 30 години значително ги подигнаа критериумите на здравството во државата преку континуирано инвестирање во медицинска апаратура и капацитетите. Нивната болница во центарот на Скопје е изградена по најмодерните светски болнички стандарди, а условите за грижа за пациентите се на највиско ниво.

neuromedika-dobi-dve-nagradi-na-balkan-medical-awards-2022-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Дарко Панчев наполни 60 години - Златна топка и две торти за роденденот на фудбалската легенда „Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатио...

Најчитани неделава