Најпознатата Македонка во Австралија доживеа спектакуларно изненадување од сопругот, по траумата при породувањeто (видео)

„Пред една година си го скршив свршеничкиот прстен и бев многу разочарана и оттогаш ја носам само бурмата, зборувавме со мојот сопруг да го поправиме/замениме прстенот. Па, на мое изненадување среде хаосот во изминатите неколку месеци (сепса при породување) тој сам го направил за да ме изненади...“, раскажува Снежана Маркоски, односно Снежана Вуд за изненадувањето од сопругот.

najpoznatata-makedonka-vo-avstralija-dozhivea-spektakularno-iznenaduvanje-od-soprugot-nov-svrshenichki-prsten-po-traumata-video-01.jpg

Снежана Маркоски, односно Снежана Вуд е Македонка која живее во Австралија, а се прослави со учеството во шоуто The Bachelor. Таа неодамна се породи со својата четврта ќерка, а на Инстаграм го сподели страшното искуство со компликациите што настанале при породувањето.

Снежана и нејзиниот сопруг Сем Вуд го добија најновиот член во нивното семејство, ќерката Харпер, но искуството при породувањето било трауматично и си оставило траги.

Но, по тој тежок период Снежана се чувствува подобро, а Сем за да ја расположи ѝ приредил спектакуларно изненадување.

Нејзината објава на Инстаграм по повод романтичниот гест:

„Пред една година си го скршив свршеничкиот прстен и бев многу разочарана и оттогаш ја носам само бурмата (која е убава сама по себе), зборувавме со мојот сопруг да го поправиме/замениме прстенот. Па, на мое изненадување среде хаосот во изминатите неколку месеци тој сам го направил за да ме изненади.

Тој е највнимателниот и најромантичен маж кој некогаш сум го сретнала и секогаш ме разгалува со прекрасни изненадувања.

Ја пуштил нашата свадбена песна со која чекорев кој олтарот „Never Tear Is Apart“ и нашите 4 девојчиња беа вклучени во изненадувањето што ме чекаше.

Нов свршенички прстен, најубавиот прстен кој некогаш сум го видела.“

Погледнете го видеото од романтичниот чин:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Рашид (24) од Велес ја запроси саканата во Позитано: „Се плашев да не ме прашаат за прстенот на аеро... „Замолив девојка да нè слика ѝ го дадов телефонот, но го вклучив видеото. Го изв...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава