Совршената венчавка на Зои Блаж – се омажи во уникатна венчаница, па ја замени со краток фустан и патики (фото)
- Детали
- недела, 10 јули 2022
Зои Блаж изгледаше прекрасно на нејзината свадба – најпрво мејк-ап артистката носеше уникатна венчаница, а потоа ја замени со бел фустан, во комбинација со патики.

Зои Блаж и нејзиниот сакан – словенечкиот ракометар Тадеј – се заедно повеќе од пет години, а синоќа, 9-ти јули, ја крунисаа нивната љубов со брак.


Познатата македонска мејк-ап артистка изгледаше прекрасно со уникатната венчаница во крем и бела боја. Тесниот фустан беше украсен со бисери, а долниот дел наликуваше на бели ливчиња.

На главата Зои носеше бел венец.


Потоа мејк-ап артистката ја замени венчаницата со поедноставен краток фустан со бела боја, во комбинација со бели патики.




Спирова С. | Црнобело