„Сега сме 3, наскоро 4“ - Борко Ристовски и сопругата со фотки од плажа објавија дека очекуваат второ дете

„Сега сме 3, наскоро 4...“, напиша ракометарот Борко Ристовски, а неговата сопруга објави фотографија со трудничко стомаче и синот Душан како ја гушка додека уживаат на одмор.

borko-ristovski-go-ochekuva-vtoroto-dete-soprugata-objavi-so-trudnichka-fotka-od-plazha-01.jpgфото: Инстаграм

Борко Ристовски го очекува второто дете со својата сопруга Николина, а убавата вест таа ја објави со фотографија од плажа на која се забележува нејзиното трудничко стомаче, а во чиј опис напиша „Мајка на 2“, додека одзади ја прегрнува синот Душан.

Македонскиот ракометар неретко вели дека неговото семејство е неговата најголема поддршка. Тој е 5 години во брак со својата сакана Николина.

Борко на Инстаграм Стори ја објави среќната вест.

На фотографија со сопругата напиша: „Сега сме 3, наскоро 4. Ќе имаме бебе.“

borko-ristovski-go-ochekuva-vtoroto-dete-soprugata-objavi-so-trudnichka-fotka-od-plazha-02.jpg

Нина во јуни го прослави својот 30-ти роденден, а пак нивниот наследник Душан наполни 4 години во април кога Нина му порача: „Ти ми покажа што е љубов и среќа, ти благодарам сине за секој миг. Во животот сакам прво да си среќен, а потоа сè по ред.“

Повеќе фотографии од семејството на Борко на следната страна....



Би можело да ве интересира:

Миа Костова го трансформираше телото за два месеца: „Тежината е иста, но формата сѐ подобра“ Миа Костова докажа дека со упорност и дисциплина сè е можно и објави фотки од тр...
Искрен приказ на мајка од Охрид: Мојата дневна соба за на Инстаграм vs. во реалноста кога имате мало... „Дневната соба која до пред 2 години често ја гледавте (во совршено издание) на ...
Јаков Спасов, синот на Дац, и сопругата Софија на меден месец на Исланд објавија дека очекуваат бебе Парот кој стапи во брак во мај годинава периодов ужива на патување во Исланд, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg