4 ресторани во зеленило во тетовското село Беловиште (има водопади, лековита вода и дебели сенки)

Ќе уживате во жуборот на Беловишката Река, ќе имате можност да прошетате покрај неа кон водопадите, но и да си наполните од лековитата вода на местото Петачко водиче, а потоа да се почестите во вкусен оброк во некој од локалните ресторани во зеленило... Беловиште е вистински рај!

4-restorani-vo-zelenilo-vo-tetovskoto-selo-belovishte-ima-vodopadi-lekovita-voda-i-debeli-senki-01.jpg

Доколку сте расположени за викенд бегство, каде покрај во вкусна храна ќе уживате и во неверојатна природа, а ќе има и каде да прошетате, тогаш селото Беловиште е совршено за вас.

Се наоѓа на околу 20km од градот Тетово и има асфалтен пат дотаму.

Беловиште е село во општина Јегуновце, на надморска височина од 669 метри, па затоа секогаш е за 5-10 степени постудено од градовите.

На неколку километри над селото се наоѓа местото Петачко водиче, каде има извор со лековита вода. 

Има и рекичка и водопади и е совршено место за викенд бегство од урбаната џунгла.

Во овој предел има неколку ресторани со дебели сенки, летниковци и ќе уживате среде зеленило. Во некои од нив ќе уживате и во жуборот на Беловишката Река, а некои пак имаат фонтани и базенчиња.

Рестораните во тетовското село Беловиште:

Ресторан Белојшки Бисер

Ресторан Викендица

Пица-ресторан Арома-С

Ресторан Бела Виста

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Типик за велигденски пости 2026 - кога се јаде масло и риба, а кога се готви само на вода? Погледнете го типикот, односно правилата за велигденските пости 2026 - на кои де...

Најчитани неделава