Спектакуларен 28-ми роденден на стилист од Струмица, со балони, огромна торта и забава со Антониа Гиговска (фото)
- Детали
- вторник, 20 септември 2022
Познатиот македонски стилист, кој има луксузен салон во Струмица, со спектакуларна забава го прослави роденденот со колегите стилисти Даниел Николовски, Бобан Тодоровски и низа други пријатели.

Марјан Петров е познат македонски стилист кој има свој салон во Струмица, а вчера (19.09) направи спектакуларна забава по повод својот 28-ми роденден.
Меѓу присутните беа и неговиот колега, стилистот Даниел Николовски, а и неговата клиентка и пријателка Антониа Гиговска, која беше задолжена за забавата.
Таа на сцената се појави во впечатлив комплет од сатен и направи одлична забава.


Марјан обрнал внимание и на најситните детали при организација на роденденот, па имаше огромна декорација со своите иницијали, многу балони, огромна торта, шампањ...

Марјан е задолжен за изгледот на регионалните ѕвезди кога гостуваат во овој крај од Македонија, а последна во низата беше српската пејачка Николија.
фото: Инстаграм



Дел од познатите клиентки на Марјан:
Николија
Теа Таировиќ
Aнтониа Гиговска
С. С. | Црнобело