Тон емоции: Спектакуларна изведба на Каролина на „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ од Тоше Проески (видео)

Реакцијата на изведбата на „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ од страна на публиката беше доказ дека Тоше болно ни недостига и по толку години, дека Тоше е незаборавен, а неговите песни вечни. Но, и доказ дека Каролина е наше музичко богатство, ни приреди настап кој долго, долго ќе го паметиме... Едноставно, ни ги помилува душите.

ni-gi-pomiluva-dushite-spektakularna-izvedba-na-karolina-na-tvoite-baknezhi-na-moite-beli-koshuli-od-toshe-proeski-video-01.jpg

Каролина Гочева вчеравечер (02.10) настапи на кровот од Skopje City Mall, по повод 10 години постоење на трговскиот центар.

На сцената таа се појави во кусо фустанче со лелеави ракави и имаше спектакуларен настап.

Од балади кои допираат до срцето до кулминација со нејзините најголеми хитови, но и оддавање почит на нејзиниот колега, легендарниот Тоше Проески.

Таа ја изведе неговата песна „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, а потоа и нивниот дует „Немир“.

На „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ публиката беше трогната, атмосферата „ежеше“, а нашиот ангел како да беше меѓу присутните.

Каролина со својот моќен вокал на совршен начин ја отпеа песната и ги помилува душите на сите од публиката.

Ова дефинитивно е еден од најдобрите настапи на нашата поп дива која донесе неверојатна енергија на сцената, беше насмеана, танцуваше и имаше совршена комуникација со нејзините фанови, кои беа во огромен број.

Се разбира, и членовите на нејзиниот бенд беа клучен дел од целата приказна.

ni-gi-pomiluva-dushite-spektakularna-izvedba-na-karolina-na-tvoite-baknezhi-na-moite-beli-koshuli-od-toshe-proeski-video-02.jpg

Реакцијата на „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ од страна на публиката беше доказ дека Тоше болно ни недостига и по толку години, но и дека Тоше е незаборавен, а неговите песни вечни.

Изведбата на „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Тоше од страна на Каролина:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Бакнежи пред полноќ, кадри од домот - Како познатите Македонци ја честитаа Нова година? „Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 3...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...

Најчитани неделава