Агнеса Органџиева го прослави 39-иот роденден во црно-сребрено издание со напис „Една и единствена“ (фото)
- Детали
- петок, 02 декември 2022
Од фустанот и маникирот до паното на влезот со балони и црната торта со кристали, Агнеса Органџиева секој детаљ на својот роденден одлучи да ѝ биде црно-сребрен. Таа наздрави со шампањ со гостите, а на нејзината забава присуствуваше и водителката Марјана Станојковска.
Агнеса Органџиева го прослави својот 39-ти роденден во раскошна атмосфера во скопски локал.
Облечена во црно кусо фустанче со тенки, сребрени синџири и со коса во опавче, таа славеше со своите роднини и пријатели, а меѓу присутните беше и водителката Марјана Станојковска.
Агнеса на роденденската забава имаше црно-сребрени декорации со многу балони и напис „ Eдна и единствена Агнеса“ (One and only).
Таа наздрави со блиските со шампањ, а сребрената тематика ја задржа дури и во поглед на маникирот.
Дувна свеќичка на црна торта со кристали.
Роденденската забава на Агнеса, низ фотографиите кои ги сподели за CRNOBELO.com:
Прочитајте и На гости кај Агнеса Органџиева: Стан во Скопје од 90m2 со уметничко дело на плафонот (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело