Вирален статус на Македонец: Именден на времето (скромна трпеза) vs. денес (масата како оригами изложба)

„Именден денес - има виски за тој роднината од партија што очекуваш да те вработи, а нема. Масата е како оригами изложба. Печеница виткана како ружи, кашкавал во форма на лотосов цвет, салфети како лебеди, па мислам само куленот остана да личи на кулен...“

viralen-status-na-makedonec-imenden-na-vremeto-skromna-trpeza-vs-denes-masata-kako-origami-izlozhba-01.jpg

Божидар Божиновски е познат по шеговитите Фејсбук статуси, во кои често на хумористичен начин доловува реални ситуации.

Сега, тој посвети објава на имендените и славите, како изгледале некогаш, а како денес.

Неговиот статус, кој стана вирален на Фејсбук:

Именден на времето:

- домашно вино, домашна ракија, да знаевме и пиво да праевме ќе праевме

- немаше посна и мрсна слава пошто масата изгледаше ко президиумот на КПЈ, сите комунисти

- теми на расправа: втора светска војна (секогаш имаше партизан шо одбива да умри, а цела фамилија го чекаат да му јадат боречката пензија), фабричките гиганти на Југославија, Германија и Ватикан дале три милијарди марки да ја растурат Југославија, транзиција

- пошто седевме поделени ко во џамија жените идеа со тефтери „Југометал 90“ и менуваа рецепти, а пошто имаше и ageism посебно место имаше за децата

- никој не носеше дрвена лептир машна

- се слушаше музичка програма на локална телевизија дур не запее некој... обично тој што не знае да пее

Именден сега:

- исти пијачки, за 20 години не научивме уште пиво да прајме, а заборајвме да прајме вино и ракија. Плус има виски за тој роднината од партија шо очекуваш да те вработи, а нема

- масата е ко оригами изложба. Печеница виткана ко ружи, кашкавал во форма на лотосов цвет, салфети ко лебеди, јебем ли га само куленот остана да личи на кулен

- на маса се разговара исклучиво за геоплитика со две струи: прозападна и проруска. Се откриваат сите тајни на ЦИА, КГБ, Мосад без да се пази дека и ѕидовите имаат уши. Како почнува да дејствува алкохолот се спушта нивото на разни партии се дур хипикот на маса не речи „Сите се исти“. Никој не го слуша. Дискутираат и жени и деца пошто го победивме и патријархот и ageism-от

- во зависност на примањата на семејството музиката варира од Јутуб до жива музика. Уште се слуша Дугме

- од рецепти се разговара само за рецепти за лекови

- има луѓе со дрвени лептир машни, ко да немаат огледала

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Кристијан од Скопје со искрена исповед: „Живеев 7 месеци во автомобил во Сиднеј, спиев на паркинг на... „Не беа само високите цени за сместување во Сиднеј причината, сакав да се предиз...
Македонец со емотивна исповед: „Имав 126kg и пиев за да заборавам кој сум... сега сум татко и трчам ... „Таско раскажуваше како престанал да пие. Ерко за неговата ќерка со леукемија. М...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Скопјанец за случка во наше кафуле: „Дрска госпоѓа ми го расипа денот - каде бил келнерот, го чекала... „Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му ...
Македонец уникатно ја запроси саканата во Лајпциг – таа вози трамвај, тој ја пречека на станица со б... „Верувајте дека многу е покомплицирано од што изгледа. Колегите дури мораа и ком...

Најчитани неделава