Потресна исповед на валандовчанка за CRNOBELO.com: „Во Турција е траорно, погина целото семејство на моја колешка“

„Имам колешка од погодената област, односно од местото Адијаман (Adıyaman), која е мажена во Истанбул, но целата нејзина фамилија беше под урнатините и после 24 часа ги пронајдоа ама, за жал, безживотни тела на нејзините мајка, татко, братот, снаата и нивното дете...“, споделува Елвира Секмен (36) од Валандово за CRNOBELO.com, која 13 години живее во Истанбул.

valandovchanka-zhivee-vo-istanbul-13-godini-pogina-celoto-semejstvo-na-moja-koleshka-situacijata-e-traorna-01_1.jpg

Елвира Секмен (36) од Валандово, по професија моден дизајнер, омажена е за Турчин од Истанбул и живее таму веќе 13 години.

Вели дека ситуацијата по земјотресите е траорна, дури и за нив, односно за сите кои директно не се оштетени од ситуацијата.

Тие ги живеат најтешките денови како нација затоа што додека се извлекуваат мртви тела и преживеаните умираат на студот, тие се во иста држава, а седат дома и гледаат на телевизија каков хорор се случува.

„Ужасно ни е како ние јадеме, додека они ги држат рацете на своите мртви деца, свршеници, мајки, буквално се срамиме што не сме таму, ова е многу голем човечки испит за цела нација...“, вели Елвира за CRNOBELO.com, која учествува во разни хуманитарни акции за собирање на средства за настраданите, како преку работното место, така и преку училиштето на нејзината ќерка.

valandovchanka-zhivee-vo-istanbul-13-godini-pogina-celoto-semejstvo-na-moja-koleshka-situacijata-e-traorna-07.jpg

„Дониравме финансиски средства, но и пелени, ќебиња, средства за хигиена и храна за животни.
Правевме топли јадења за сите пунктови, каде што се собираат донации.

Имам среќа што сум подалеку од реонот погоден од земјотресот и немаме почувствувано потреси, но стравот, болката и паниката се исти, дали сум таму или во Истанбул и гледам од телевизија – ситуацијата е ужасна секако.

valandovchanka-zhivee-vo-istanbul-13-godini-pogina-celoto-semejstvo-na-moja-koleshka-situacijata-e-traorna-03.jpg

Имам колешка од погодената област, односно од местото Адијаман, која е мажена во Истанбул, но целата нејзина фамилија беше под урнатините и после 24 часа ги пронајдоа ама, за жал, безживотни тела на нејзините мајка, татко, братот, снаата и нивното дете.

Колешката уште веднаш секаде информираше и даде локација од куќата, но поради лошите временски услови екипите не можеа да стигнат до нив.

Моментално Турција ги живее најтешките денови. Ова е најтешкиот и катастрофален земјотрес може да се каже во историјата на Турција.
Опфатени се повеќе од 10 градови каде што живеат преку милиони жители, а бројот на загинатите и безживотните тела се зголемува секоја минута.

Последна информација е повеќе од 15.000 починати“, вели Елвира за CRNOBELO.com.

valandovchanka-zhivee-vo-istanbul-13-godini-pogina-celoto-semejstvo-na-moja-koleshka-situacijata-e-traorna-05.jpg

valandovchanka-zhivee-vo-istanbul-13-godini-pogina-celoto-semejstvo-na-moja-koleshka-situacijata-e-traorna-04.jpg

valandovchanka-zhivee-vo-istanbul-13-godini-pogina-celoto-semejstvo-na-moja-koleshka-situacijata-e-traorna-02_1.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живее во Белград, има 12-годишна ќерка: Каде е и што прави Здравкица Милиќ од „Скај селекшн“? „Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факулте...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Исидора (10) од Скопје е успешна млада каратистка - Тренира од 5 години, освојува златни медали „Тренирам трипати неделно и до сега не ми се случило да не сакам да одам на трен...

Најчитани неделава