„Одам на заслужен одмор“ - Антониа Гиговска откри дека ќе се посвети на бременоста и ќе паузира од настапи
- Детали
- четврток, 16 февруари 2023
„Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа...“, сподели пејачката на Инстаграм и откри дека ќе паузира од настапи и ќе се посвети на бременоста и нови песни, откако објави уште неколку труднички фотки.

Антониа Гиговска, откако објави нови фотки во трудничко издание, најави дека ќе има уште 2 настапи и потоа оди на заслужен одмор, односно ќе направи пауза со настапите во живо.

Нејзината објава гласи:
„Драги мои, сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци.
Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа.

Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа па ќе се затворам во студио и ќе работам на моите нови песни.
Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте.
Кој знае колку ќе ми недостигате.

Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне.
Последните 2 настапи ми се во Куманово и Гевгелија.“





С. С. | Црнобело