Наш тату артист истетовира „Ако утре ме нема еј...“ и ја додаде годината на раѓање на Андреј: „Хероите имаат само датум на раѓање 1982 до вечноста“. „Тетоважата ја направив на мој клиент, кој имаше силна поврзаност со Андреј“, вели Даниел Радосављевиќ за CRNOBELO.com.
„Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, не ми се брои години. Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината...“, пишува Никола Перевски Пере на својот роденден.
„Ден по несреќата Андреј имаше закажано, требаше да го тетовирам него. Откако ја направив тетоважата со неговиот лик, ми се јави и неговата мајка, на која ѝ беше чест што го тетовиравме нејзиниот ангел на раката на негов пријател“ – вели за CRNOBELO.com тату артистот Марко Тасевски.
Од тату артист кој направи тетоважа од ликот на Андреј од ДНК до Кенијка која со солзи во очите пее песна од ДНК, Македонија ве слави и нема да ве заборави никогаш. Ни земавте дел од срцето Андреј и сите настрадани членови од ДНК, заедно со вашите млади и посветени фанови.
„Песнава со денови наназад ми дише во врат. Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации“ - вели Игор Џамбазов, кој со многу тага ја пее „Ако утре ме нема“ од ДНК.
„Јана за 7 дена порасна како за 7 години“ – напиша Наталија, сопругата на Андреј, кој пред една недела го загуби животот во трагичниот пожар.
На Фејсбук Наум сподели фотографија од една од нивните бројни дружби, направена во кафеана, на полна софра, и со музика во живо.
„Луѓето знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да се насладуваат на туѓиот пекол... Но, знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат. Бидете луѓе, затоа што ако го прокоцкаме и тоа... Нема ни што да се свири веќе“, вели Никола Перевски - Пере.
„Да, разбирам дека животот продолжува понатаму и сите тие реденки што доаѓаат со тоа. Меѓутоа, во оваа седумдневна жалост, неприфатлива ми е помислата на објавување фотографии, видеа од тоа како некој убаво си поминува или си го тера бизнисот“, споделува Јован Илиески.
„Немоќно стоиш и немо гледаш во фотографиите и имињата на оние кои животот си го дале за да спасат други животи. Ги гледаш сите млади, убави, полни со живот. И одново се рушиш. Животот ни се скрати на сите нам…“, пишува Марија Прличкова – Нешовска.
„По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо. На прво гледање, со залет тргнав и со раширени раце да те гушнам (се мисли на Панчо). Ме виде, рашири раце да се гушнеме... како да се знаеме од мали“, пишува Снешка Трајковска, која живее во мало место во Германија.
„Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш“, напиша Ирена за својот сопруг Филип Стевановски, кој беше и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
„Си замина дел од моето второ семејство, со нив и душава моја“ – се огласи Ана, вториот придружен вокал на ДНК, која заедно со Сара две децении заедно настапуваше на голем број македонски концерти, па за неа напиша: „Даденце мое, ќе те сакам додека дишам, а ќе болиш секој ден“.
„Секогаш ќе бидеш истиот каде и да си. Добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3. Со тебе растеа генерации, со твоите песни од животни ситуации. Во маало сите те памтеа по старите дружби луди. Таков си беше ти, со сите беше брат...“, споделува Aлександар Тарабунов.
„Од неделата, од тоа кобно утро, се бориме со адреналин, немир, неспокој, тага, бес, како роботи сме... Но, денес небесата на сите да ни даде сила, посебно на семејствата кои ќе си ги погребаат рожбите, кои ќе ги испратат на вечен спокој најмилите“, вели Билјана Рогожарска, медицинска сестра од Штип.
Галамата во соблекувалната ја заменија молк и солзи на фудбалерите, седнати покрај дресот на Андреј, кој тој веќе никогаш нема да го облече и запалена свеќа во негова чест.
Денеска ќе бидат погребани 59-те жртви од пожарот во Кочани. 59 млади животи кои згаснаа во само неколку минути. 59 семејства кои останаа без своите сакани.
„Преку глава од музика што молчи, од болест што нѐ толчи. Преку глава од нечиј скршен сон, од семејства без дом, од тебе и мене, и ова проклето време...“