„Не ми плачи, не ти се дерам, со убаво ти кажувам да разбереш!“ - ви звучи познато?
„За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие зборови нашата ТВ водителка Лила Филиповска ја започна емотивната објава по повод роденденот на синот Филип.
„Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девојка од странство, која оставила податоци како да ја најдеме. Се инспирирав од летни мотиви, а камчињата ги оставав по плажите на првиот крак, но и скришно ги подметнував под пешкири на деца кои многу се радуваа кога ќе ги најдат“ - Тања од Скопје си нашла забавно хоби на одморот летово и усреќила многу туристи.
„Официјално, сега имам два дома“, напиша Хелена Роза и откри дека по скоро една деценија во Нов Зеланд, добила нивно државјанство.
Кога имате љубов во срцето кон родителите, тогаш ќе правите и вакви гестови за поздрав... Браво Кике!
„Македонските актери се многу ценети во Србија, уште од времето на Југославија, па сѐ до денес. Што се однесува лично до мене, ме пречекаа со широко отворени раце“, вели актерот Жарко Димоски и ни открива каков тип на театар отворил Жељко Митровиќ.
Македонија има убавица од светски ранг, која нè прави горди пред светот. Таа со изгледот потсетува на Кајли Џенер - да или не?
„Нема песимизам, нема никогаш нема да ти пројде, џабе се мачкаш... Ова го пишувам затоа што луѓето многу често знаат да се обесхрабрат од неуспешни приказни од други луѓе и да ги фрлат во корпа сите свои надежи“, напиша Јелена Спенџарска.
„Не знаев дека толку 'боли' жена со скршена рака“, романтично напиша Џина Папас Џокси во описот од фотографијата на сопругата Виолета, а Антониа Гиговска уште еднаш остави силен впечаток со смел аутфит на настап во Штип.
Многу од вас доаѓаат од генерација: „Ако престанеш да плачеш, ќе ти купам нешто“. Jaс сум од генерацијата: „Ако не престанеш да плачеш, ќе ти дадам причина да плачеш“. Така што не сме исти! - Гласи едно од хит видеата на Бомбакис.
Лозано би бил слатко и симпатично девојче, Иван Јованов има нежно лице и насмевка, а Перо Антиќ би изгледал како крупна и моќна жена - фото споредби од македонските познати мажи кога би биле родени како женски.
Во Скопје ќе биде донесена света чудотворна икона од Хиландар, а во храмовите ќе се одржи света литургија. Православните христијани денес го слават празникот „Рождество на Пресвета Богородица“.
„Не е ниту до работното место ниту до финансиите, до волјата и желбата за живот е, жена си онолку колку што бираш да бидеш“ – порача дизајнерката Ивана Кнез до новата фотографија од мајка ѝ Јулија, за која рече дека и кога работела на погон, била дотерана како од „Бурда“.
„Следната седмица можете да уживате во 'мини летото' кое се очекува кај нас“, вели Славчо Попоски.
„Нашата нова животна сила“ – напиша актерката Јелена Јованова Периќ, до фотките од трудничкиот стомак и од вториот син, откако се дозна дека и по вторпат успешно ги криела бременоста и породувањето.
Катарина Ивановска (36) и нејзиниот некогашен партнер Цобе и по разделбата секогаш се заедно на значајните настани за нивните деца, па така беше и на роденденот на малата Кира.
„Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам слободна и своја“, споделува Наташа Фигурела за CRNOBELO.com.
Од прошетки на дожд до заеднички патувања, како она во Нов Зеланд кај сестра ѝ Хелена Роза, Ребека сподели убави спомени од семејните албуми по повод 11-тиот роденден на близнаците Макариј и Доротеј и напиша „Вашата среќа е и моја среќа“.